Најбогатите луѓе на светот 2017 ја завршуваат побогати за уште 1.000 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најбогатите 500 луѓе во светот ја зголемиле вредноста на својот имот за 1.000 милијарди долари, поради големото зголемување на вредноста на акциите на светските берзи кои најверојатно годинава ќе ја завршат на рекорди височини, пишува Guaridan.

Големото зголемување во вредноста на имотот на најбогатите се случува во годината во која милијарди луѓе во светот осиромашиле или вредноста на имотот им останала иста. Разликата меѓу најбогатите луѓе во светот и сите останати е сѐ поголема, и некои податоци покажуваат дека таа „дупка“ е најголема во последните сто години, а советниците на најбогатите ги предупредуваат дека би можело да следи „повратен удар“ од мнозинството на кое не му оди толку добро.

Според податоците од листата на милијардери на Bloomberg, 500–те најбогати луѓе во светот своето богатство го зголемиле за 23% во годината што изминува, а вредноста на нивното „портфолио“ сега изнесува 5,3 илјади милијарди долари. Зголемувањето во добар дел го овозможил растот на глобалните берзи.

Според последните податоци на Bloomberg, најбогат човек на светот во овој момент е Џеф Безос, основачот на Amazon, кој своето богатство во 2017 година го зголемил за 34,2 милијарди долари, а тоа сега изнесува 99,6 милијарди. Безос е за 8,3 милијарди побогат од основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Петте најбогати – Безос, Гејтс, Ворен Бафет, Амансио Ортега и Марк Закерберг, „тежат“ 425 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×