Најбогатите Словенци ја продаваат компанијата: Talking Tom и пријателите ќе добијат нови газди
Објавено на од во Компании
Вредноста на Outfit 7, компанијата креатор на мобилната игра Talking Tom е проценета на околу 600 милиони долари.
Iza Samo Login

 

 

 

 

 

 

 
Брачниот пар Иза и Само Логин, мнозинските сопственици на словенечката  компанијаOutfit7, креатори на мобилната игра Talking Tom планираат да ја продадат компанијата, сакајќи да го искористат бранот на преземања на производители на забавен софтвер, пишува Bloomberg, наведувајќи анонимни, но добро информирани извори.

Околу самата продажбата на Outfit7, сопствениците ги  советува американската инвестициска  банка Goldman Sachs, што привлекло внимание кај другите произведувачи на мобилни игри и апликации,  дека вредноста на словенечката  компанија регистрирана во Лондон  би можела да достигне 616 милиони долари или околу 578 милиони евра.

Словенечкиот  магазин Менаџер , кој што и оваа година брачниот пар Логин ги стави на врвот на листата најбогати Словенци, смета  дека Outfit7 би можел да вреди дури и милијарда евра.

Outfit7  заработува со огласување и купување преку апликација. За да ја искористат популарноста кај децата Outfit7  понудата ја прошири со веб видео, што е тактика која ја користи и креаторот на Angry Birds.

Анимираната серија Talking Tom and Friends направена е во соработка со Walt Disney. Во едната верзија на играта анимираниот мачор со забавен глас повторува она што корисникот на мобилниот уред го вели, а во другите верзии корисниците составуваат виртуелна сложувалка или ги водат ликовите преку пречки и сл.

Talking Tom

 

 

 

 

 

 
Основана во 2009 година, Outfit 7 во портфолиото има бесплатни мобилни апликации и игри, анимирани видео и лиценцирани производи, поврзани со играта. Апликацијата Talking Tom and Friends преземена е повеќе од пет милијарди пати, а има 300 милиони активни корисници месечно, што ја доведува во категоријата кај што припаѓа на пример и Twitter, со 313 милиони корисници.

Outfit7  има околу 9 милиони претплатници на YouTube , а видео содржината е прикажана околу 9,4 милијарди пати.

Според податоците на компанијата, на ниво на групата лани оствариле 108 милиони евра приходи од продажба, додека претходната година тој износ бил 79 милиони евра. Чистата добивка лани била 80 милиони евра, претходно 60 милиони евра.

На сопствениците кои се 120 на број (Иза и Само Логин поседуваат  околу 60% удел), лани им се исплатени 74 милиони евра дивиденда, а година претходно околу 39 милиони.

Холдингот  Outfit7 Investments Limited има седиште во Лондон и е даночен обврзник во Кипар. Има 14 фирми ќерки  во Лондон, Љубљана, на Кипар, во Швајцарија, Јужна Кореја, Хонг Конг, Кина и САД.

Инаку, оваа година се склучени  бизниси поврзани со забавен софтвер вредни 22 милијарди долари, најмногу во последните 12 години, пишува Bloomberg.

Во јуни, кинеската фирма Tencent вложи 8,6 милијарди долари за купување на Supercell, творецот на игрите Clash of Clans, Boom Bich и Hay Day. Caesars Entertainment ја продаде Playtika, компанија за казино онлајн игри за 4,4 милијарди долари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×