Најбрзо се враќаат парите во трговија, најбавно во месарница
Објавено на од во Економија

nb-1Колонијал, трговија со обувки и бутик инвестицијата ја враќаат во просек за 3 години, пекара-бурекџилница за 5-6, додека месарница за 8 години, покажуваат анализите на банките за исплатливоста на новите  бизниси. Како е на терен,  си знаат бизнисмените.

Најбрз поврат на вложените пари во мал бизнис  може да очекувате ако отворите бутик, колонијалче или продавница за обувки, каде што просечниот период на поврат на почетната инвестиција е три години, додека најтрпеливи треба да бидете во месарскиот бизнис, каде што по дури 8 – 10 години почнуваат да се исплаќаат парите што сте ги вложиле. Ова го покажуваат анализите што банкарите ги прават при оценување на профитабилноста на бизнисите што бараат кредит кај нив.

Според бројките што ги добивме од неколку банки, просечната стапка на поврат на инвестицијата, ROI (return on investment), изнесува најниски 3,5% кај месарниците, 8% кај пекарите-бурекџилниците, додека кај бутиците, маркетите и трговијата  со обувки таа е 16%.

Нето маржата, пак, е најниска кај трговијата на мало – колонијал, и изнесува 8%, а најголема е кај бутиците за облека, 26%.

nb-2За бурекџилница 30.000 евра инвестиција

“Овој дуќан го имам отворено пред десет години. Во него имам инвестирано минимум 30.000 евра. Значи тоа се дополнителни инвестиции во опремување бидејќи за дуќанот плаќам кирија. Можеби оваа вложена сума ви звучи чудно но само двете маси за месење бурек според Хасап стандарди  чинат 3.000 евра. Една печка за бурек  е 1.200 евра, а за пецива е 12. 000 евра“, вели сопственик на бурекџилница во центарот на Скопје.

nb-4Според него  човек потребни се големи обртни средства и за да може да функционира и најмал бизнис.

„Потребни се пари за суровина, но многу повеќе за плата на вработените. Во мојава професија конкретно мораш да имаш мајстори за месење и печење. Таков човек не доаѓа на работа за плата помала од 500 евра. Значи јас имам две смени минимум 1.000 евра месечно плаќам за луѓето без кои не можам да работам. Дополнително мајсторите секако дека не работат други работи. Значи покрај нив плаќам уште тројца или четворица во смена“, велиот нашиот соговорник и додава дека .

nb-3Шпедиција без 100.000 евра…тешко

Шпедицијата стана особено атрактивна за почнување бизнис последниве години, затоа што луѓето сметаат дека релативно едноставно, купувајќи еден  камион, кој што може да е и половен, може да се стартува со работа.

Но, дека парите потребни за почнување ваков бизнис и не се толку мал износ, објаснува Биљана Муратовска од здружението на транспортери МАКАМ Транс. Таа вели дека близу 100.000 евра се потребни за да се започне најмал шпедитерски бизнис во Македонија.

„За да се почне најмалата шпедиција во Македонија да речеме потребен е еден камион. Камионот вреди 50,000 евра на старо, доколку е купен на ново тоа би било некои си 250.000 евра. За возна линија, што се состои од еден камион, потребни се околу 14.000 евра за лиценци. Исто така потребни се уште 2.000-3.000 евра за додатни дозволи. Севкупно се на се би чинело од 70.000 – 80.000 евра“, вели Муратовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×