Најефективните претприемачи ги имаат овие 7 навики
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

[caption id="attachment_59258" align="alignright" width="400"]Key Speakers At The F8 Facebook Developer Conference Марк Зукерберг го зема трикот на Стив Џобс. Секој ден носи иста облека – фармерки и сива маичка, односно блузон кога ќе залади.[/caption]

Како општество, често сме фасцинирани од навиките на други, поуспешни луѓе – најчесто познати луѓе, особено на претприемачи. Во бизнис светот често како примери за успешност се следат навиките кои ги имаат Бил Гејтс, Марк Цукерберг или Ричард Бренсон…Сепак, секој може да имитира што прават најефективните претприемачи. Еве некои од навиките на успешни и добро познати претприемачи кои можат да ви помогнат да ги зајакнете секојдневните рутини:

 

Навиките се основата на нечија личност. На нив се гради деловен успехи лично задоволство. Како општество, често сме фасцинирани од навиките на други, поуспешни луѓе – најчесто познати луѓе, особено на претприемачи. Во бизнис светот често како примери за успешност се следат навиките кои ги имаат Бил Гејтс, Марк Цукерберг или Ричард Бренсон…

Сепак, секој може да имитира што прават најефективните претприемачи. Еве некои од навиките на успешни и добро познати претприемачи кои можат да ви помогнат да ги зајакнете секојдневните рутини:

tdy_kent_yahoo_170110

Мариса Мејер, извршен директор на Yahoo е жив пример за ова и е познат по тоа што очекуваа само најдобри резултати. Таа еднаш инсистирала на тоа нејзиниот тим да проба дури 41 различна нијанса на сина боја за резултатите од пребарувачот на Google.


Намалете го бројот на помалку важни одлуки

Со цел да останат полни со енергија и концентрирани за важни одлуки, најефикасните претприемачи го минимизираат бројот на секојдневни одлуки. На пример, тие го јадат истиот појадок секој ден, или за одреден ден од седмицата поставуваат специфична цел.
Марк Зукерберг го зема трикот на Стив Џобс. Секој ден носи иста облека – фармерки и сива маичка, односно блузон кога ќе залади.
Не прифаќајте “не” како одговор

Иако понизноста е доблест, понекогаш можеме да напредуваме само ако ги игнорираме сомничавите луѓе и ако се стекнеме со самодовербата на патот кон успехот.
Ексцентричниот претприемач Елон Маск не го прифаќа “не” како одговор и не дозволува никој да му каже дека нешто е невозможно. Тој со погледот кон иднината се става во вистинска насока и одново бара нови, футуристички цели.

Еден извештај покажа дека 90% од стартапите пропаднале, главно поради недостиг на уверување во сопствените идеи и недостаток на посветеност. Кога не е подготвен да даде сè за успех, претприемачот ќе пропадне.

 

Одете чекор понапред од другите

Најуспешните претприемачи се познати по тоа што се чекор понапред од останатите. Мариса Мејер, извршен директор на Yahoo е жив пример за ова и е познат по тоа што очекуваа само најдобри резултати. Таа еднаш инсистирала на тоа нејзиниот тим да проба дури 41 различна нијанса на сина боја за резултатите од пребарувачот на Google. Иако за некои нејзините посветеност и опсесивност се застрашувачки за некои, таа направи успешна кариера заради тоа што секогаш ги бара и очекува најдобрите резултати.

1016964112

Ексцентричниот претприемач Елон Маск не го прифаќа “не” како одговор и не дозволува никој да му каже дека нешто е невозможно.


Ставете ги клиентите на прво место

Иновативните стартапи најмногу ги ценат клиентите. Кога еден претприемач ќе препознае некоја социјална потреба, тој ја исполнува, создавајќи подобар живот за своите корисници.
Твитер беше креиран на идејата за брза меѓународна комуникација, ограничена на 140 карактери. Уште поважно, основачите на Твитер, Еван Вилијамс, Џек Дорси и Биз Стоун се погрижија за подобрување на квалитетот на користењето, а многу помалку се грижеле за заработката во првите неколку клучни години.
Резултатот: тие развија уникатна платформа за комуникација, каде што корисниците се чувствуваат како господари.
Ентузијастички менувајте ја насоката

Многу компании пропаѓаат. Меѓутоа, упорните претприемачи, оние кои се волни да пробаат нешто нови, најчесто на крајот и успеваат во тоа. Многу познати бизниси кои се денес успешни се трет или четврт обид на некој претприемач, кој едноставно не сакал да се откаже, туку одлучил да се менува за да успее. Треба да бидете доволно храбри да признаете кога работите одат во погрешна насока и да имате волја и со позитивна енергија да тргнете во друг правец.

 

Бидете видливи

Повеќето претприемачи не работат со работно време од 9 сабајле до 5 попладне. Тие работат кога сакаат и каде сакаат. Се разбира, тие работат многу повеќе од просечниот работник. Разбираат дека креативноста бара промена во средината и собирање нови искуства.

Сер Ричард Бренсон не е само што е многу видлив за партнерите, туку и за самите клиенти. Тој е исклучително присутен во Virgin Airlines, постојано разговара со своите вработени и клиенти за да ја дознае ситуацијата во компанијата. Тој обожава да запознава нови луѓе и да добива нови сознанија.

 

Останете доследен на културата на својата компанија

Стартапите им нудат на луѓето можност да создадат единствена деловна култура. Основачката на ModCloth, Сузан Грег Когер, го започна својот онлајн бизнис на 17 години и ја разви компанијата без никакво искуство во продажбата. Поради ова, развила креативност и развила сосема поинаков пристап од поголемите продавачи, и што е најважно – му се предала на социјалниот пристап кон трговијата. Почетничкиот менталитет ѝ помогнал да размислува надвор од кутијата.

Денес, години подоцна, Грег Когер го охрабрува својот тим да го задржи овој почетен менталитет со цел да изготви иновативни решенија за клиентите и да го задржи развојот. Се држи до културата која постојано ја поттикнува креативноста, наместо да се држи до проверениот пат на другите успешни продавачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×