Најголем трговски договор: ЕУ и Јапонија ги укинуваат меѓусебните царини
Објавено на од во Економија

Japonija EUПо преговорите кои траеjа пет години, ЕУ и Јапонија потпишаа заеднички Договор за слободна трговија. Договорот треба да стапи на сила во 2019 година и со него се предвидува 99% од царините меѓу двете страни ќе бидат отстранети.

„Economic Partnership Agreement“ (EPA), во јавноста познат како Jefta, носи многу предности и со него од 2019 година треба да се укинат меѓусебните царински давачки за речиси сите видови на стоки.
Преговорите беа завршени многу брзо, бидејќи на Европската унија итно им се потребни нови партнери поради конфликтот со САД околу царините.

ЕУ верува дека протекционизмот се шири низ целиот свет, а овој договор, како што рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, “е јасен сигнал дека ЕУ и Јапонија се спротивставија на искушенијата на протекционизам”.
ЕУ смета дека европските извозници при извозот во Јапонија можат да заштедат милијарди евра годишно на царини, додека во исто време се предвидува раст на извозот, бидејќи Јапонија е пазар со 127 милиони луѓе. Само во 2016 година, обемот на трговијата помеѓу ЕУ и Јапонија беше над 120 милијарди евра.

Има и противење на Договорот

Во Јапонија, на Договорот се спротивставуваат земјоделците кои се плашат дека поевтините и субвенционираните стоки од Европа би можеле да го преплават јапонскиот пазар. Јапонија увезува шест десетини од своите прехранбени производи. Европските производи како што се сирење, вина или тестенини се многу популарни во Јапонија, но беа поскапи заради царините.

Сепак, владата во Токио смета дека позитивните страни на договорот преовладуваат. Прво, компаниите како што се Panasonic, Kenon, Sony или Toyota ќе го зголемат извозот. Досега, ЕУ на нивните производи наплатуваше царина од 10%. Од друга страна, производителите на лекови од ЕУ, како што се Sanofi, Baer или Beringer, се надеваат дека ќе го зголемат профитот.

Многу економисти веруваат дека економиите на ЕУ и Јапонија многудобро се надополнуваат.

Сигурна размена на податоци

Освен трговскиот договор, Договорот за слободна трговија исто така содржи и Спогодбата за размена на податоци. Европската комисија пренесува дека со Договорот е создаден најголемиот светски економски простор, во кој податоците се разменуваат во согласност со највисоките стандарди за заштита на податоците.
Кога станува збор за информации од Европјани кои се обработуваат во Јапонија, ќе важат  стандарди што се еквивалентни на оние во ЕУ.
И покрај оптимизмот што го шират двете договорни страни, има и критични гласови. Така, пратеникот на Зелените во Европскиот парламент, Свен Гиголд, овој договор го опишаа како “пропуштена можност”. Тој смета дека веќе имало позитивни искуства во трговијата со Јапонија. Но, според него, либерализацијата на пазарот и дерегулацијата не смеат да бидат туркани еднострано, туку паралелно треба да се почитуваат и силните социјални и еколошки стандарди. Тоа, според него, не е предвидено во Договорот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×