Најголеми извозници од ЕУ се Германија со извоз од 1.321 милијарди евра и Холандија со извоз од 611 милијарди евра
Објавено на од во Економија

Germanija izvoz
Втора е Холандија со извоз од 611 милијарди, следи Франција со извоз од 492,5 милијарди евра, Италија со 462, Велика Британија со извоз во 2018 година од 409 милиони евра, Белгија со извоз од 393 милијарди евра, Шпанија со извоз од 292,1 милијарди евра, Полска со извоз од 220 милијарди евра, Чешка со извоз од 171 милијарди евра.

Но, ако извозот се стави во контекст со увозот што секоја земја од ЕУ го прави податоците од Еуростат покажуваат дека Германија има најголем трговски суфицит, односно извезува 232,8 милијарди евра повеќе отколку што увезува.                Втор најголем трговски суфицит има Холандија од дури 65,7 милијарди евра, а трет најголем трговски суфицит има Ирска од дури 50 милијарди евра. Следи Италија со трговски суфицит од 39,8 милијарди евра и Чешка со трговски суфицит од 15,5 милијарди евра.

Од земјите со најголем трговски дефицит, односно земјите кои имаат поголем увоз о извоз прва е Велика Британија чиј увоз лани бил за дури 160 милијарди евра поголем од извозот. Втора е Франција која во 2018 година чиј увоз лани бил поголем за 77,5 милијарди евра од извозот, а трет најголем трговски дефицит од 36,1 милијарда евра има Шпанија

Најмал извоз од земјите членки на ЕУ има Малта со извоз од само 2,5 милијарди евра, следи Кипар со извоз од 4,2 милијарди евра.

Најголем извозен пазар за земјите од ЕУ се САД, Кина и Швајцарија, а најголем е увозот од Кина, САД и Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×