Најголемиот акционер во Алибаба ги продава своите акции
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Јапонската SoftBank соопшти денеска дека го продава сопственичкиот удел во Алибаба, кинескиот онлајн трговски гигант, во вредност од најмалку 7,9 милијарди долари, оти мора да отплати огромен долг.

Банката, која е под водство на контроверзниот милијардер Масајошија Син, прв пат во 2000 година инвестираше во Алибаба, компанија која подоцна израсна во најголема светска платформа за електронско тргување на мало.

Во последните неколку години, оваа банка покрена низа аквизиции во голем број фирми, вклучувајќи го и купувањето на американскиот телекомуникациски оператор Sprint за 16 милијарди долари.

Меѓутоа, токму ваквата агресивна кампања на преземање на фирми финансиски ја оптовари банката.

Инаку Softbank е најголемиот акционер во Алибаба, а оттаму велат дека и по продавање на акциите овие две компании (Алибаба и Softbank) ќе продолжат заедно за соработуваат.

Со продажбата на акциите сопственичкиот удел на SoftBank  во Алибаба од 32,2% ќе се намали на 28%, а се со цел да се отплати долгот што го има банката, соопштуваат од SoftBank.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×