Најголемите бизнис комори бараат прогресивното оданочување да се одложи за најмалку пет години  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Tevdovski-927-WEB-glavnaЧетирите најголеми стопански комори во земјава, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија допис до Министерството за финансии во кое бараат одложување на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување за најмалку пет години, во кој период е неопходно да се направат широки консултации со бизнис заедницата.

“Доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов би имало негативни последици врз целата бизнис заедница”, покажа неодамнешното истражувањето на 546 домашни претпријатија што го спроведоа  четирите бизнис комори.

Од коморите потенцираат дека само преку суштествено и релевантно истражување, анализа на проблемите и бизнис условите во Р. Македонија може да се донесуваат закони и други правни акти кои имаат реална корист и се функционални за бизнис-средината.

 

Во заеднички документ наведуваат дека позитивниот ефект од воведување на прогресија кај персоналниот данок на доход  преку зголемување на буџетски приходи во овој момент ќе биде далеку помал отколку  негативните  ефекти  кои  ќе  се  рефлектираат  на  вкупното  бизнис опкружување.

Според коморите, критиките  за  рамниот  данок  дека  не  придонесува  за  праведност  во оданочувањето е недоволен аргумент за негово заменување со прогресивен данок во овој момент и треба да се имаат во предвид и другите позитивни аргументи кои одат во прилог на рамниот данок. Зголемувањето на стапките, според анализата, по автоматизам ќе значи праќање негативен сигнал како кај домашните, така и кај странските инвеститори.

“ Во овој момент, сметаме дека прагот за кој даночните обврзници се спремни да ги плаќаат даноците е прилично низок и зголемување на стапките ќе предизвика дестимулирачки ефект во економијатаили со други зборови ќе ја поттикне даночната  евазија. Подобро  е со  постоечките  механизми  да се  поттикнат  економските оператори да не прават затајување на данок, односно да ги плаќаат сите даноци, наместо да манипулираат со средствата”, се наведува во анализата.
Оваа активност е дел од Проектот  „Партнерство за подобра бизнис регулатива„ финансиран од страна на УСАИД а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×