Најголемите извозни пазари за македонското овошје и зеленчук
Објавено на од во Економија

06zИзвозот на свежо овошје и зеленчук од Македонија изминатата година достигна 150 милиони евра. Сите се согласни дека и покрај милионските суми кои беа исплатени од буџетот во форма на субвенции за земјоделците во изминатите 10 години, извозот на овошје и зеленчук е се уште многу мал. Во 2007 година кога почна политиката на субвенционирање на земјоделското производство, извозот на зеленчук и овошје од Македонија бил 104 милиони евра. Десет години подоцна извозот е зголемен за 46 милиони евра или за 44%. Рекордна била 2016 година кога извозот на зеленчук и овошје достигна 171 милион евра. “Кaпитал” анализира кои се странските пазари на кои најмногу се продаваат македонскиот зеленчук и овошје, и каде има потенцијали за зголемување на тие продажби?

 

Извозот на овошје и зеленчук од Македонија изминатата година достигна 150 милиони евра и во споредба со претходната 2016 година е намален за 21 милион евра или за 12,55%.
Сите се согласни дека и покрај милионските суми кои беа исплатени од буџетот во форма на субвенции за земјоделците во изминатите 10 години, извозот на овошје и зеленчук е многу низок. За споредба, во 2007 година кога почна политиката на субвенционирање на земјоделското производство, извозот на зеленчук и овошје од Македонија изнесуваше 104 милиони евра. Десет години подоцна извозот е зголемен за 46 милиони евра или за 44%. Рекордна била 2016 година кога извозот на зеленчук и овошје достигна 171 милион евра.
И покрај овие релативно мали вредности на извоз на свежо овошје и зеленчук, многумина сметаат дека тој може да биде многу поголем, пред се заради поволните природни услови кои ги има во Македонија.

Но, за тоа е потребен посериозен однос кон производителите, кои треба да се третираат како економски субјекти, не како социјални случаи, и поголем ангажман околу изнаоѓање на пазари за продажба.
Но, за да се најдат пазари и да се осигура продажбата на овошје и зеленчук, прво и основно е да се почитуваат стандардите за сигурност на храна, да се почитуваат прописите за максимални дозволени количини на пестициди кои се користат, процес што очигледно не треба да се остави само на земјоделците и производители те на храна. Рамката во која треба тие да работат и да произведуваат, стандардите кои мора да се почитуваат треба да ги пропише државата.
Анализата на податоците за извоз на овошје и зеленчук од Македонија во изминатите неколку години покажува дека голем раст и потенцијал раст има кај јаболките, праските, сливите, јагодите и другите топчести црвени овошја, како црешни, вишни, малини, боровници, кај кои според производителите имаат одлична маржа и цена на светските пазари…Во последните години голем раст има и кај извозот на јапонско јаболко или персимон.

Кога станува збор за зеленчукот стандардно најголем извоз се прави со домати, зелка и пиперки, но во последните неколку години добар потенцијал има кај извозот на краставици, посебно корнишони за кои има голема меѓународна побарувачка. Потоа раст има кај извозот на брокула и карфиол, црн патлиџан, тиквички…Особено потенцијал за раст има и кај извозот на печурки, за кои традиционално најголем пазар е Италија, но побарувачка има и во Германија, Франција, Швајцарија, Шпанија…
Иако не е предмет на анализа во овој текст голем потенцијал за раст има и кај извозот на замрзнати зеленчук и овошје. Тој ќе продолжи да расте ако се зголемат инвестициите во ладилници. Исто така како потреба е инвестирање во повеќе лаборатории низ државата со кои потребните испитувања за извоз би се направиле попристапни и поевтини.
Според извозот на свеж зеленчук и овошје од минатата година, но и од претходните години најголеми извозни пазари се соседните земји и земјите кои се членки на ЦЕФТА. Голем пазар исто така е Русија, посебно за доматите и јаболките. Но, голем дел од извозот на овошје и зеленчук во последните години се извезуваат и во Европската унија.
07zНајголем девизен прилив носат доматите

Ако се анализира извозот на свеж зеленчук најголем девизен прилив од нешто над 15 милиони евра се прави од извозот на домати. Ако се анализира извозот на домати најголем дел, речиси половина оди на рускиот пазар. Лани во Русија се извезле свежи домати во вредност од 7,5 милиони евра. Втор најголем извозен пазар за македонските домати е Србија, каде лани се извезле 4,17 милиони евра. Следи Бугарија каде лани извозот на домати бил 781 илјади евра, во Босна и Херцеговина лани се извезени домати во вредност од 479.578 евра, во Црна Гора 434.858 евра, во Косово биле извезени 395.098 евра. Потоа следат Грција, Полска, Хрватска, Словенија.

Втор најизвезуван свеж зеленчук од Македонија е зелката. Во текот на целата 2017 година Македонија имала девизен прилив од извозот на зелка во износ од околу 15 милиони евра. Најголем извозен пазар за македонската зелка лани била Полска каде била продадена зелка во вредност од 3,3 милиони евра. Втор најголем пазар е Русија каде лани била продадена зелка во вредност од 1,6 милиони евра. Трет извозен пазар за зелката лани била Романија каде лани бил направен извоз на зелка од 1,3 милиони евра. Следи Белорусија каде лани била продадена зелка во вредност од 1,2 милиони евра. Следи Србија каде лани имало извоз на зелка во вредност од 1,19 милиони евра, Бугарија каде лани била извезена свежа зелка во вредност од 1 милиони евра. Следи Украина со извоз на зелка од 918 илјади евра. Македонската зелка лани стигнала и во Молдавија, Литванија, Шведска, Норвешка, Хрватска, но во помали износи.
Трет најизвезуван зеленчук од Македонија лани биле пиперките чиј извоз лани достигнал 8,89 милиони евра. Извозот на пиперки е поголем и достигнува 13,4 милиони евра ако на тоа се додаде и извозот на замрзнати пиперки, чија вредност лани изнесувала 4,5 милиони евра. Најголем извозен пазар за македонските пиперки лани била Бугарија, каде биле продадени пиперки во вредност од 2,32 милиони евра. Втор најголем пазар каде лани биле продадени најмногу пиперки било соседно Косово со извоз од 1,59 милиони евра. Следат Чешка каде лани се извезле пиперки во вредност од 684 илјада евра, Србија со извоз од 674 илјади евра, Русија каде биле извезени 580 илјади евра, Босна и Херцеговина со извоз од 580 илјади евра, Хрватска со извоз на пиперки вреден 480 илјади евра, Грција со извоз вреден 464 илјади евра.

10oЧетврт најизвезуван свеж зеленчук од Македонија лани биле печурките. Во текот на 2017 година од Македонија биле извезени печурки во вредност од 6,1 милион евра. Најголем пазар за печурките е Италија, каде лани биле извезени 2,85 милиони евра. Следат Германија каде извозот на печурки лани бил 952 илјади евра, Франција со извоз вреден 728 илјади евра, Швајцарија со извоз на печурки од 462 илјади евра, Шпанија со извоз од 419 илјади евра, Србија со извоз на печурки од 260 илјади евра, Австрија, Бугарија, Холандија, Грција…
Извозот на печурки од Македонија ако на тоа се додадат и печурките кои се извезуваат во замрзната форма, чиј извоз лани изнесуваше 3,5 милиони евра.

Петти најизвезуван зеленчук од Македонија се краставиците и корнишоните. Лани од Македонија на странските пазари биле продадени краставици и корнишони во вредност од 3,1 милион евра. Најголем извозен пазар за македонските краставици и корнишони е Италија, каде лани се извезени краставици и корнишони во вредност од 667 илјади евра. Следи Србија со извоз вреден 500 илјади евра, Германија со годишен извоз на краставици и корнишони од 356 илјади евра, Бугарија со извоз вреден 350 илјади евра, Швајцарија со извоз од 272 илјади евра, Франција со извоз од 192 илјади евра.

 

08zНајмногу девизи од извозот на свежо грозје

Ако се анализира извозот на свежо овошје од Македонија најголем извозен прилив се прави од извозот на свежо грозје. Лани Македонија извезла свежо грозје во вредност од 11,95 милиони евра. Најголем пазар за македонското грозје e Србија каде лани е продадено грозје во вредност од 4,98 милиони евра. Втор најголем пазар за македонското грозје е Босна и Херцеговина каде лани биле продадено грозје во вредност од 1,43 милиони евра. Следи Црна Гора каде лани имало извоз на свежо грозје од 930 илјади евра, Албанија со годишен извоз на грозје од 702 илјади евра, Косово со извоз од 689 илјади евра, Русија каде е направен извоз од 679 илјади евра. Романија каде лани било извезено грозје во вредност од 515 илјади евра. Македонското свежо грозје лани се продавало и во Бугарија, Белорусија, Србија, Латвија, Хрватска. Чешка…

Второ најизвезувано овошје од Македонија минатата година биле јаболките. Лани од извоз на јаболки Македонија остварила извозен прилив од 11,9 милиони евра. Најголем извозен пазар за македонските јаболки е Русија, каде лани бил направен извоз вреден 4,7 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Косово, каде лани биле извезени јаболки во вредност од 2 милиони евра. Следи Бугарија каде лани од извоз на јаболка сме имале прилив од 1,76 милиони евра, Србија со извоз на јаболка вреден 1,24 милиони евра, Црна Гора со извоз од  752 илјади евра, Романија со извоз од 630 илјади евра….Македонските јаболки лани се продавале и на пазарите во Германија, БиХ, Ирак, Обединети арапски емирати, Грција, Австрија…

Трето најзвезувано овошје од Македонија биле праските. За разлика од минатите година кога извозот на праски надминуваше 10 милиони евра, лани во странство сме продале праски во вредност од само 3,8 милиони евра.Најголем дел или 2,77 милиони евра отпаѓа на извозот во Русија. Втор извозен пазар за македонските праски лани бил Србија каде се извезени 449 илјади евра. Трет најголем извоз на праски имало во Косово во износ од 209 илјади евра. Следи Белорусија со извоз од 107 илјади евра. Помал извоз од сто илјади евра имало во Украина, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора…

Четврто најизвезувано свежо овошје лани биле сливите со вкупен извоз од само 2,68 милиони евра. Најмногу сливи лани се извезле во Германија во вредност од 1,2 милиониевра. Втор најголем пазар за македонските сливи лани била Чешка, каде се извезени сливи во вредност од 322 илјади евра. Следат Русија каде лани имало извоз на сливи во вредност од 203 илјади евра, Полска со извоз од 182 илјади евра, Швајцарија со извоз на сливи во вредност од 132 илјади евра, Латвија со извоз од 112 илјади евра, Косово со извоз на сливи од 111 илјади евра. Извоз на сливи помал од сто илјади евра имало во Холандија, Австрија, Босна, Литванија, Италија, Црна Гора, Норвешка…

Петто најизвезувано овошје минатата 2017 година биле лубениците со извоз од само 2,5 милиони евра. Најголем извоз на лубеници лани имало во Шведска во вредност од 730 илјади евра. Втор најголем извоз на лубеници имало во Чешка во вредност од 487 илјади евра. Следат Србија со извоз на лубеници од 329 илјади евра, Бугарија со извоз од 287 илјади евра, Босна и Херцеговина со извоз од 268 илјади евра и Полска каде лани извозот на лубеници бил 164 илјади евра. Извоз на лубеници помал од сто илјади евра лани имало во Русија, Хрватска, Црна Гора, Словачка, Косово, Словенија, Естонија, Германија…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×