Најголемите корупциски скандали во 2015
Објавено на од во Економија
Bribery

30 илјади долари за изградба на приватен кошаркарски терен, 54 илјади долари за ролекс часовници, 40 илјади долари за BMW и многу повеќе. Ова се само дел од корупциските скандали што ја одбележаа годинава што изминува, пишува Foreign Policy.

Во 2015 година, големи корупциски скандали меѓу другото опфатија големи светски лидери, докажани судии  и луѓе од фудбалот.

ФИФА

Светското тело на фудбалскиот свет беше опфатено со големи корупциски скандали што е тешко да се посочи каде тие почнуваат, а каде завршуваат, а уште помалку колку пари се проневерени. Во мај, по долга и опсежна истрага предводена од САД, Американското правно биро осомничи 14 луѓе од ФИФА, дел од нив се уште актуелни, а други поранешни членови, вклучени во тешка корупција. Седум месеци подоцна, во декември уште 16 претставници на ФИФА беа осомничени за земање мито и корупција. Згора на тоа и претседателот на ФИФА Сеп Блатер и претседателот на УЕФА, Мишел Платини добија осум години суспензија од фудбалските активности.

Генералното собрание на ООН

Според обвинителите кои покренаа постапка против Џон Аше, поранешниот претседател на Генералниот секретар на ООН, Аше бил дел од корупциска шема тешка 1 милион долари со кинески бизнисмен кој сакал да изгради конференциски центар на ООН во Макао. Но не беше само ова: наводно Аше примил мито од 800 илјади долари за да ги поддржи кинеските бизнис договори во Антигва,  а дел од тие пари ги поделил со премиерот на Антигва. Со овие пари, како што се вели во обвинението, тој успеал меѓу другото да си ги плати сметките за вредното BMW од 40 илјади долари, да изгради кошаркарски терен од 30 илјади долари во својот приватен дом и да собере 54 илјади долари вредни ролекс часовници.

Нигерија

Кога претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари го презеде претсеателството во Мај, не му требаше многу за да најави дека околу 150 милијарди долари недостасуваат од Нигерија во последните десет години. Поранешниот воен лидер вети дека ќе направи се што е во негова можност да утврди каде овие пари завршиле, а во ноември веќе тврдење дека има траги за тоа, кои водат до претходните владетели со оваа земја. На 17 ноември тој даде наредба да се уапси Самбо Дасуки, советник за национална безбедност на поранешниот претседател за олеснување на буџетот за одбрана од 2 милијарди долари. Според Бухари, Дасуки правел фантомски договори за воени набавки, вклучувајќи и хеликоптери, бомби и муниција. Но оваа опрема никогаш не била доставена, а новата влада на Нигерија е убедена дека овие пари завршувале во џебовите на Дасуки.

Малезија

Кога претседателот на САД, Барак Обама ја посети Малезија во ноември, тој ја имаше честа да пристигне во оваа земја среде чуден корупциски скандал. Четири месеци претходно, Wall Street Journal објави дека околу 700 милиони долари државни пари завршиле на приватната сметка на премиерот Наџиб Разак. Разак ги демантираше ваквите обвинувања.

Хондурас и Гватемала

Оваа пролет и ова лето, протести започнаа во Централно – Американските земји Хондурас и Гватемала, кога лути активисти бараа оставка од претседателите на двете земји. Во Гватемала протестите беа поврзани со меѓународна истрага за корупција во царината. Во Хондурас, пак, поранешниот директор на Институтот за социјална безбедност беше обвинител, заедно со други владини претставници, за договори од 200 милиони долари со фантомски компании. Некои од овие пари како што се пишуваше по медиуми воделе до партијата на Претседателот Хуан Хернандез.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×