Најголемите котирани компании на Берзата заработиле повеќе во првите девет месеци
Објавено на од во Компании
Вкупната добивка на 10-те најголеми котирани друштва на Македонската берза е 122 милиони евра, за 14,5% повеќе во однос на истиот период лани. Најголема добивка има Стопанска банка – Скопје, а најголем пораст Мермерен комбинат – Прилеп. 
Berza

 

 

 

Десетте најголеми компании според остварени приходи и добивки што се на задолжителна котација на Македонската берза, во првите девет месеци годинава имаат повисок вкупен нето профит во однос на истиот период лани, покажува извештајот на Берзата заклучно со 30.09.2017. Овие акционерски друштва имаат вкупна добивка од 7,52 милијарди денари (околу 122 милиони евра), што е за 14,5% повисок износ во однос на лани. Најголема добивка за првите три квартали има Стопанска банка – Скопје, 30,6 милиони евра, што е за 1,4% повеќе од лани, пред НЛБ Банка со 24,9 милиони евра и пораст од 32,7%, Македонски Телеком со 18,8 милиони евра и дури 62,4% пораст во однос на 2016-та.

Најголем скок на нето добивката за првите девет месеци има Мермерен комбинат Прилеп, од 318%, на 8,9 милиони евра, додека најголем пад забележала Охридска Банка Сосиете Женерал, од 51%, на 3,4 милиони евра.

Меѓу компаниите што се со најтргувани акции на Берзата, односно влегуваат во индексот МБИ 10, распоредот на првите три со најголема добивка е истиот, Стопанска банка – Скопје, НЛБ Банка и Македонски Телеком. Вкупната добивка на МБИ 10 друштвата изнесува без малку 100 милиони евра и е за 3,6% поголема во однос на лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×