Најголемите предизвици во дигитализацијата на транспортната индустрија: Овие три чекори за дигитализација го менуваат транспортот
Објавено на од во Компании
Дали решенијата за дигитализација, како што e eCMR, им носат поголема предност на учесниците во синџирот на снабдување?
Logistika
Се уште постои голема разлика во дигитализацијата помеѓу големите и малите како и средните транспортни и логистички компании. Додека логистичките гиганти веќе долго време работат дигитално, најчесто малите и средни транспортни компании не можат да си дозволат купување на комплексен софтвер. Што е потребно за да се исполнат барањата на пазарот и трендовите, за да се натпреваруваат со големите играчи од индустријата?
Основни дигитални услуги за една широка маса како и стабилна технолошка инфраструктура создаваат предуслови за учество во дигиталното управување со синџирот на снабдување. За сите учесници во транспортниот ланец, особено е важно да се продолжи со дигитализација на внатрешните индивидуалните чекори, со што се оптимизира целиот транспортен процес. Тука имаме три такви примери:
  1. eCMR: Помалку администрација и поголема контрола
Најважниот документ, покрај транспортниот налог е товарниот лист,, познат како CMR, кој наскоро ќе биде познат како eCMR, електронски CMR. Во идеален случај, тие автоматски се креираат и се пренесуваат електронски во складот – и на тој начин може да се превземат од превозникот преку паметен телефон или таблет. Со ова се намалува бирократијата и се појавува уште еден позитивен ефект. Бидејќи, ако документите за потврда за испорачаната стока, накратко PoD (доказ за испорака), се генерираат електронски, тие исто така можат полесно дигитално да се обработат.
Дали во праксата ќе се покаже дека ова е лесно и корисно за превозниците и за шпедициите, објаснува Дмитриј Јаткевич од меѓународниот сојуз на превозници BAMAP (http://bamap.org): “Иако тестовите за eCMR се веќе во полн замав. Сепак, не е јасно што ќе се случи со придружните документи, како што се патната листа, сертификатите и спецификациите поднесени во хартиена форма. ” Овде, најголемиот предизвик, Јаткевич го гледа во е остварувањето на правно обврзувачки електронски потпис. Сепак, тој проценува дека превозниците се доволно флексибилни за во иднина да се прилагодат на новата ситуација.
  1. POD доказ за испорака (proof of delivery): Пократки рокови за плаќање и дигитална документација
Потврдата за примопредавање – доказ за испораката – во иднина ќе се реализира во рамките на eCMR. Досега, соодветните документи требаше да бидат собрани од страна на превозникот и доставени до шпедицијата, а потоа испратени по пошта до купувачот. Ова значи трошоци за поштарина на транспортни компании и дополнителна работа. Покрај тоа, на овој начин исто така се пролонгира и рокот на плаќање. Бидејќи само по приемот на документот од страна на клиентот, се извршува плаќањето за извршената транспортна услуга. Значи, може да се случи шпедициите да треба да чекаат на плаќањето еден до три месеци по извршениот превоз. Меѓутоа, ако работните документи се дигитални и со тоа пристигнуваат значително побрзо, соодветно на тоа и плаќањата ќе може да се реализираат побрзо. Ова го прави приходот полесно предвидлив и на тој начин остава повеќе финансиски слобода за компаниите. Покрај тоа, заедно со eCMR, се собираат и податоци за движењето, со што може поблиску да се следи движењето и податоците можат да бидат испратени во реално време до истоварното место. Според Јаткевич, се уште има неодговорени прашања: “Од една страна, дигитализацијата на POD го скратува рокот на плаќањето кај транспортните компании. Од друга страна, ова исто така значи дека шпедициите кои ги даваат налозите треба да плаќаат порано. Тоа може да им го наруши нивното планирање “.
  1. Динамичко управување со рампите за утовари:
Паметната употреба на GPS податоците претставува уште еден голем чекор напред во однос на проблеми со рампите за утовари. Со комбинирање на телематските податоци и управување со временски слотови, треба да се решат познатите проблеми со застојот при влезот и излезот на утоварите. Во пракса, давателот на транспортни услуги ги доставува своите GPS податоци. Истите, редовно се споредуваат со податоците за положбата на камионот и добиеното пресметано фактичко време (ETA) на пристигнување испратено до операторот на рампата за утовар. Така, тој може со податоци во реално време да пресметаува и да распоредува. Точното предвидување го скратува времето на чекање на возачите на камиони а во идеален случај и го елиминира чекањето. Претставникот на BAMAP смета дека ова е одлична иновација за индустријата: “Фактот дека на овогодинешниот водечки саем transport logistic (04.-07.06.2019) во Минхен на оваа тема беа одржани цели семинари покажува колку е важно секој учесник во синџирот на снабдување да се справи со проблемот со рампата за утовар”.
Сиже:
Чекорите дискутирани во текстот јасно покажуваат дека е подобрена ефикасноста на транспортот, особено преку подобрената комуникација помеѓу сите засегнати страни. Ова не е само за едноставно вмрежување на сите странки, туку и за централизирана комуникација: „Тоа е принципот на Smart Logistics System на TIMOCOM. Ние ја посредуваме при комуникација помеѓу учесниците и системите без во конкретниот процес да ја преземеме извршната улога “, објаснува Филип Шмид, портфолио менаџер во TIMOCOM. За да го постигне ова, TIMOCOM мора да одговори на потребите на своите клиенти. Целта мора да биде да се дигитализираат малите компании, бидејќи дури тогаш големите можат да профитираат од тоа.
Повеќе информации за TIMOCOM ќе најдете на www.timocom.com.
За ТИМОКОМ
TIMOCOM GmbH е ИТ и специјалист за податоци од средна големина за Augmented Logistics. Како понудувач на првиот Smart Logistics System за Европа, TIMOCOM им помага на своите клиенти да ги постигнат своите логистички цели со паметни, безбедни и едноставни решенија. Системот поврзува повеќе од 43.000 проверени компании кои нудат дневно и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварни возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×