Најмалку десет загинати при експлозија во Санкт Петербург
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Разговарав со шефовите на безбедносните служби по експлозијата и тие се обидуваат да ги утврдат причините. Се разгледуваат сите опции, вклучително и тероризам“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, откако на метро станици во Санкт Петербург имаше експлозија во вагоните, при што загинале најмалку десет луѓе.

Во двете истовремени експлозии повредени се над 50 луѓе, меѓу кои и деца. Дека има десет загинати потврди портпаролот на рускиот Национален комитет за борба против тероризмот.

Експлозиите се случиле на две метро станици, а во градот се затворени осум станици и извршена е итна евакуација. Како што наведуваат руските медиуми, „импровизиран експлозивен апарат“ ја предизвикал експлозијата или експлозиите, а бил полнет со импровизирани шрапнели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×