Најмоќниот човек од сенката на Белата куќа;
Објавено на од во Профил

ct-steve-bannon-trump WEBКој е Стив Бенон – главниот стратег на Трамп?

Светските медиуми се прашуваат колкава е реалната власт од сенка на Стив Бенон, „главниот стратег“ на Трамп, кој во скеч во шоуто Saturday Night Live беше претставен во улога на Смртта што го провоцира претседателот кон штетни и опасни дејства

Кој е Стивен Бенон, мистериозниот лик зад американскиот претседател Доналд Трамп, кој е постојан член на Советот за национална безбедност и поранешен претседател на крајнодесниот сајт Брајтбарт (Breitbart)?

Бенон ја презема изборната кампања на Трамп во август 2016 година, а по влегувањето на републиканскиот кандидат во Белата куќа се издигна до позицијата „главен стратег“ – улога поврзана директно со претседателот.

Тој избегнува медиумско експонирање, но неговите расистички и ксенофобични гледишта се препознаваат во некои од последните наредби на Трамп.

Светските медиуми се прашуваат колкава е реалната власт од сенка на Бенон, а во скеч во шоуто Saturday Night Live тој беше претставен во улога на Смртта што го провоцира претседателот кон штетни и опасни дејства.

Неговото назначување не ги израдува републиканците кои припаѓаат на елитата на партијата, а кои претходно често беа предмет на напади од сајтот Брајтбарт, што е еден од најчитаните конзервативни медиуми во САД.

trumpbannon WEB

Три дена постапувањето надолжност на Трамп како претседател на САД, Бенон изјави:„Медиумите треба да бидат ставениво тесно, да бидат понижени, да си ја затворат устата и да слушаат … Сакам да го цитиратеова што го велам. Медиумите овде се опозициската партија“

Животот на Бенон

Стив Бенон е роден во Вирџинија во 1953 година, а поминал четири години во морнарицата на САД, пред да магистрира бизнис администрација на Харвард, пишува BBC.

Потоа се занимавал со инвестициско банкарство; подоцна преминал на финансирање на медиуми – во овој период успеал да го поправи буџетот на комичното шоу Seinfeld. Следат неговите ангажмани во Холивуд, по што почнал да создава политички документарни филмови во чест на претседателот Роналд Реган, на Сара Пелин и на движењето Tea Party.

Во овој период Бенон се запознал со Ендрју Брајтбарт, конзервативниот издавач кој сакал да создаде сајт што ќе биде противтежа на водечките либерални медиуми. Во текот на 2007 година двајцата почнале да работат на Брајтбарт њуз, а по смртта на Ендрју во 2012 година, сајтот останал во рацете на Бенон.

„Се нарекуваме „Боречки клуб““, изјави тој во интервју за Вашингтон пост во јануари 2016 година. Се сметаме за опасни противници на врхушката, особено на етаблираната, закоравена политичка класа. Тврдиме дека Пол Рајан (претседателот на Претставнички дом на САД) е одгледан во епрувета во The Heritage Foundation.

Меѓу насловите на Брајтбарт се: „Што претпочитате да има вашето дете: феминизам или рак“ и „Средствата за контрацепција ги прават жените грди и луди“.

Поранешниот уредник на Брајтбарт, Бен Шапиро, кој работел и со двајцата основачи, го обвини Бенон дека го претворил сајтот во „весникот „Правда“ за Трамп“.

„Стив Бенон е хулиган и ја продаде мисијата на Ендрју поддржувајќи друг хулиган – Доналд Трамп; тој ја претвори компанијата во личната „Правда“ на Трамп. Фактите се неоспорни: Брајтбарт њуз се претвори во спротивност од тоа што Ендрју го сакаше“, напиша Шапиро.

„Бенон е полукава верзија на Трамп – агресивен фалбаџија, кој се фали со своите познанства, за да изгледа дека припаѓа на повисокото општество и да ги привлекува неговите припадници, а потоа да ги искористи за скалила кон следната дестинација“, дополнува овој поранешен уредник на Брајтбарт.

Ленинист ли е Стивен Бенон

Пред пет години Бенон со гордост изјавил во разговор со почитуван њујоршки историчар од институтот Хадсон, дека е „ленининст“.

На прашањето на Роналд Радош: „Што, за Бога, сакате да кажете со тоа?“, Бенон одговорил: „Ленин сакаше да ја уништи државата, а тоа е и мојата цел. Сакам да урнам сѐ – целиот денешен систем“.

Спомените на Радош беа објавени од електронското издание на The Daily Beast. На прашањето на историчарот дали Бенон сака да ја дообјасни или да ја коригира својата позиција, сегашниот стратег на Трамп одговорил по и-меил: „Не се сеќавам дека сум Ве сретнал и не помнам таков разговор. Како што знаете, не давам јавни изјави“.

Медиумите се непријатели – фактите се алтернативни

Според авторот од Guardian, Виктор Себестин, целата многу невообичаена кампања на Трамп и првите две седмици на новата американска администрација покажуваат дека Бенон располага со цел арсенал од ленинистички политички тактики, што изгледаат како ископирани од упатството на болшевичкиот лидер.

Себестин како пример го наведува односот на новата власт во Белата куќа кон медиумите. Само два дена откако ја презеде власта во Русија пред 100 години, Ленин почна напад против печатот, и неговите следбеници во СССР ја продолжија таа линија цели 70 години.

Три дена по стапувањето на должност на Доналд Трамп како претседател на САД, Бенон го изјави следново за Њујорк тајмс: „Медиумите треба да бидат ставени во тесно, да бидат понижени, да си ја затворат устата и да слушаат … Сакам да го цитирате ова што го велам. Медиумите овде се опозициската партија“.

А „алтернативните факти“ за кои зборува другата советничка на Трамп, Келијан Конвеј, не се нешто многу различно од „објективната вистина, големата вистина“ на која инсистираше Ленин да ја испорачаат државните советски весници, забележува Себестин.

Никој, се разбира, не треба директно да ги изедначува освојувањето на власта од страна на Ленин со воен преврат во 1917 година, и популистичкото бунтовничко движење што ги освои САД и други западни држави преку демократски протест, забележува Guardian.

А и лагите што комунистите ги ширеа децении по ред се различни од оние на Бенон.

„Многу од политичкиот стил и стратегијата на Ленин може да биде адаптирана кон сегашните услови. Тој сметал на постојани конфликти и драми. Свесно користел тактика на шок. Ленин се наметнувал над своите опоненти со промислена употреба на јазикот на насилството, и не зашто бил лош човек, туку зашто за него тоа било технички пресметан начин за да предизвика омраза, одвратност, презир. Немал за цел да го убеди, да ги поправа грешките на својот опонент, а да го уништи, него и неговата организација да ги збрише од лицето на земјата“, посочува авторот од Guardian.

„А токму таков е исполнетиот со омраза јазик на „алтернативната десна“ политика, јасно ленинистичка по тонот, на Брајтбарт“, заклучува Себестин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×