Најплатени во шоубизнисот во 2016: Тејлор Свифт прва – Роналдо петти, како најплатен спортист
Објавено на од во lifestyle

Попѕвездата Тејлор Свифт најмногу спечалила во шоубизнисот годинава, покажува соодветната листа на Forbes. Со 170 милиони долари приходи, Свифт зад себе далеку ги оставила и Адел, која е деветта на листата, и Мадона, и Ријана …

Пејачката актуелна со албумот „1989“ е пред најуспешниот спортист на светот, во моментов веројатно и најсреќниот, како капитен на европскиот првак Португалија, Кристијано Роналдо.

Но, заработката на Свифт сепак е дури двојно помала во однос на минатогодишниот првак на листата, боксерот Флојд Мејведер (300 милиони долари).

Пејачката го урна рекордот на The Rolling Stones со цели 200 милиони долари од продажба на билети за турнејата во САД – секако, сумата не е само нејзиниот хонорар.

На второто место на листата на Forbes е групата One Direction со 110 милиони долари, а трет е писателот – автор на трилери, Џејмс Патерсон, со заработени 95 милиони долари од јуни 2015, до овој јуни.

Четвртото место го има водителот на ток-шоуто Доктор Фил, Фил Мекгроу, но го дели со погоре споменатиот Кристијано Роналдо. Двајцата заработиле по 88 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×