Најповолни услови за Супер станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Со желба да понуди дополнителна вредност и да го олесни решавањето на станбеното прашање, ТТК Банка АД Скопје овозможи уште поповолни и конкурентни услови за станбени кредити. Од 17-ти април Супер станбениот кредит за примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје нуди извонредно ниски фиксни каматни стапки за првите пет години односно 2,85% во првите три години, 3,85% во четвртата и петтата година и 5,85% годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата на кредитот.
TTK Banka final
Покрај атрактивните каматни стапки, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања – 10% сопствено учество, продолжен рок на отплата до 25 години, грејс период до 12 месеци, без трошок за  обработка на барање за кредит, без трошок за процена, без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства, со намален надоместок за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.6.2019 година.
‘’Големата предност е дека корисниците сега ќе можат да добијат исклучително поволни и прифатливи станбени кредити. Банката е подготвена брзо и ефикасно да одговори на сите заинтересирани граѓани. Интересот за оваа понуда е огромен, а сега е веќе сигурно дека многумина кои се подготвуваат да купат стан или куќа ќе ги препознаат бројните придобивки од нашиот Супер станбен кредит за да го решат тоа важно животно прашање’ изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Фиксната месечна рата во првите пет години од отплатата на кредитот и промотивните поволности ќе им помогнат на корисниците полесно да ја донесат одлуката за станбен кредит, а дополнително и полесно да управуваат со месечниот буџет во периодот кога имаат дополнителни трошоци за опремување на станот/куќата и кога секоја заштеда е добредојдена.
За поволностите на Супер станбен кредит корисниците можат да се информираат во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје како и на Интернет-страницата на Банката на следниот линк: http://www.ttk.com.mk/default.asp?ItemID=0676A4F0B590B3488231EC4E4E15037A.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×