Најреномираниот светски вински магазин „Wine advocate“ со највисоки оценки за три вина на винаријата „Стоби“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Три вина на винаријата „Стоби“ добија многу високи оценки од еден од највлијателните вински критичари во светот, Марк Скваерс, во рецензиите кои ги објави еминентниот вински магазин „Wine Advoc,ate“ на најреномираниот светски вински критичар Роберт Паркер.

Највисоки оценки доби виното „Ркацители“ од бербата од 2016 година, едно од водечките вина на „Стоби“ коe редовно освојува највисоки признанија на светските натпревари. Скваерс на ова бело вино му додели 89 поени, што претставува мошне висока оценка. Во својот опис за виното „Ркацители“ од 2016, Скваерс наведува дека станува збор за фино концентрирано суво вино со 14,2% алкохол, со чисти и вкусни овошни ноти.

„Чистите овошни ноти овозможуваат вистинско задоволство при конзумирањето, а вкусот дополнително ќе се развива во следните неколку месеци. Ова вино ќе биде одличен пијалок летово“, напиша Скваерс во својата рецензија за „Ркацители 2016“.

Освен „Ркацители 2016“, многу високи оценки од Скваерс добија уште две други вина од винаријата „Стоби“. Тоа се „Жилавка“ од бербата од 2016 година и „Вранец“ од 2015, кои беа оценети со 88 поени.

Официјалната интернет страница на „Wine advocate“ има повеќе од 50.000 претплатници од САД, но и од 37 други земји во светот. Овој магазин е еден од највлијателните во винскиот свет. Рецензиите објавени во него имаат огромно влијание врз конзументите на вино од целиот свет и врз поставувањето на трендовите во винската индустрија во САД, но и во Франција, Англија, Швајцарија, Јапонија, Русија, Кина и др.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×