Најреномираното регионално еСпорт натпреварување – Good Game доаѓа во Скопје
Објавено на од во hi-tech & business
Македонската престолнина Скопје прв пат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б eСпорт настан – Good Game кој ќе се оддржи под покровителство на Samsung.
Video-game-tournamentПосле Загреб, Белград, Љубљана, Берлин и Скопје на 24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game (https://good.game/skopje), Б2Б натпреварување каде најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги “вкрстат силите” за да го понесат лауреатот најдобри во играта “Counter Strike: Global Offensive”.
Настанот ќе се оддржи во INNO FEIT и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и секако, сите заинтересирани поединци кои би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг културата на посебен начин.
Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.
Good Game натпреварувањето кое е навистина ункатен спој на гејминг, нетворкинг и тим билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.
Организатор на настанот е компанијата Good Game Global од Хрватска, која досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како е-Спорт настани на годината. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.
Повеќе информации за самиот настан во Скопје може да се најдат на официјалната веб страница: https://good.game/skopje.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×