Најстарата енергетска компанија во САД се преориентира само на обновливи извори на енергија
Објавено на од во Компании
Public Service Enterprise Group (PSEG)  е една од најстарите енергетски компании во САД. Компанијата која постои 116 години, произведува струја целосно потпирајќи се на цврсти горива. Но сега веќе се обидува да го промени тоа, а да започне да користи обновливите извори на енергија.
псегКомпанијата, чија пазарна вредност е 30 милијарди долари, планира да ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 80% до 2046 година, пишува CNN.
За да се постигне тоа, ПСЕГ планира да ги затвори централите кои работат на јаглен, и да инвестира во развојот на технологии кои користат ветер за производство на струја и се залага да инвестира во своите проекти за обновливи извори. Од PSEG се категорични, дека нема да купуваат или да градат нови централи, кои користат фосилни горива, дори и такви, кои работат на природен гас.
PSEG се придружува кон списокот со компании, кои бараат да се зголеми производството на чиста енергија. Ова се должи и на сериозното намалување на цените на обновливата енергија.
“Зборуваме, климатските промени се реални”, изјави главниот извршен директор на компанијата Ралф Изо.
Во своето писмо до инвеститорите Изо укажува дека климатските промени се најголем предизвик пред сегашното поколение.
Минатиот месец, PSEG објави договор за продажба на својот долг во термоелектраните кои работат на јаглен во Северна Пенсилванија. А во планот на компанијата се предвидува и обидот да ја затвори својата фабрика во Конектикат, во рок од 18 месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×