Највисока награда за заштита на животната средина за Цементарница УСЈЕ
Објавено на од во Компании

За резултатите од имплементацијата на проектот „Намалување на емисиите во воздухот“ Цементарница УСЈЕ ја доби годинешната награда за општествено одговорно делување во категоријата „Заштита на животната средина”.

Проектот за кој УСЈЕ го доби годинешното највисоко национално признание за општествно одговорно делување ги верификува напорите на компанијата во натамошно намалување на емисиите на азотни оксиди (NOx) во воздухот. Имено, иако влијанието на УСЈЕ во однос на емисиите во воздухот, вклучувајќи ги и азотните оксиди, се под законски утврдените граници, компанијата, во текот на 2014-та година, инвестираше во нова современа технологија и дополнителна опрема со која се овозможи дополнително намалување на емисиите на азотни оксиди за повеќе од 20% на годишно ниво.

„Оваа награда на најдобар начин ја отсликува почитта на УСЈЕ кон вредностите и интересите на заедницата и посветеноста кон принципите за одржлив развој, при што посебно внимание обрнуваме на заштитата на животната средина. Фактот што шеста година по ред добиваме признанија во различни категории, говори за континуираниот и пред сè стратешки пристап на нашата компанија на полето на општествената одговорност. Оваа награда ја добиваме во исклучително важен момент за нашата компанија која годинава прославува 60 години од почетокот со работа. Таа ни дава дополнителен мотив да продолжиме во остварување на нашите деловни цели на етички и општествено одговорен начин“, изјави главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ Борис Хрисафов, кој истовремено управува и со одборот за корпоративна општествена одговорност на компанијата.

Ова, за Цементарница УСЈЕ е второ национално признание за општествена одговорност во областа на заштитата на животната средина. Претходните години компанијата беше наградувана и за реализираните проекти во областа на односите со вработените и унапредувањето на пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×