Највлијателниот балкански собир Balkan Venture Forum по седми пат, оваа година во Загреб, Хрватска
Објавено на од во Економија

Водечкиот настан со иновациски дух ги презентира најдобрите стартапи од регионот пред глобални инвеститори

Седмото издание на Balkan Venture Forum (BkVF) ќе се одржи во Загреб, Хрватска на 3ти и 4ти декември 2015. Овој настан претставува одлична можност за потенцирање на два тековни трендови на Балканот: квалитетот на хрватската стартап заедница која веќе е во подем и почетокот на втората фаза од развојот на регионалниот иновациски екосистем преку регенерирање на нови фондови, инкубатори и созреани стартапи.

Хрватскиот екосистем брои неколку успешни приказни во овој поглед, од кои најмогу се издвојуваат успехот на Bellabeat (хрватско-словенечка апликација за помош во текот на бременоста која привлече инвестиција вредна 3 милиони долари) и Farmeron (веб-дата услуга која им помага на фармерите да водат евиденција за достигнувањата и функционирањето на нивната фарма). Покрај лансирањето на иновативни бизниси, хрватската заедница покажа значителен ангажман и во поглед на основање на голем број организации и настани кои помагаат во негувањето на стартап културата во оваа европска држава. ZIP, Netokracija, CRANE, StartupCamp, Shift се главни претставници на оваа категорија.

Почнувајќи од своето основање во 2012, BkVF има голем придонес во поставувањето и развивањето на Балканскиот стартап екосистем. Во рамките на оваа фондација се организираат по два големи настани на годишно ниво преку кои регионалната иновациска заедница веќе беше донесена во Скопје, Белград, Софија, Тирана, Сараево и Нова Горица. Покрај формирањето на почетните регионални организации како Launchub and Eleven, во последните неколку години сведоци сме и на постојаниот регионален развој со следниве достигнувања:

 

  • Формирање    на регионална заедница
  • Создавање    на локални иновациски заедници на          повеќе локации низ Балканот;
  • Градење         на локални и крос-регионални стартап      акцелератори (SuperFounders) ;
  • Појава на        втор бран на подобро финансирани и        поискусни фондации;

Овогодинешната програма е фокусирана на изложување на врвните иновативни стартапи од Балканот пред регионални и глобални инвеститори. Истата ќе изобилува со сесии за презентирање на бизнис идеи во рамките на Startup competition, како и со одлични можности за поврзување (networking) меѓу сите присутни. Предвидено е присуство на над 100 активни инвеститори во потрага по добра инвестиција, што претставува уникатна прилика за најдобрите стартапи од регионот да се покажат во своето најдобро светло.

BkVF оваа година ќе биде домаќин на финалниот натпревар на стартапи организирано од Pioneers of the Balkans, каде учество ќе земат околу 70 стартапи од оваа област и истите ќе се претстават пред повеќе од 100 инвеститори од регионот, Европа и пошироко.

Покрај тоа, BkVF организира и свој Startup Competition отворен за сите заинтересирани стартапи што најдоцна до 20ти ноември ќе се пријават на следниот линк:http://www.balkanventureforum.org/startup-competition/ .

BkVF како домаќин нуди ексклузивна можност за промовирање на одбрани стартапи преку резервирање на свој изложбен штанд во самиот центар на настанот. Повеќе детали се достапни на:http://www.balkanventureforum.org/exhibition/

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×