Највозрасен милијардер, на 99 години, е вдовицата на основачот на Ferrero
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Највозрасен милијардер во светот е 99-годишната Марија Франка Фисоло – вдовицата на Италијанецот Микеле Фереро,кој ја создал компанијата позната по производот Nutella. Досега највозрасен беше сега починатиот американски милијардер, банкар и филантроп, Дејвид Роквелер, со своите 101 година. Тој почина токму кога Forbes ја објави својата годишна листа на милијардери во светот. Фисоло со своите 26,2 милијарди долари е на 29 место по богатство во светот, и е четврта најбогата жена.

Од Форбс велат дека во 2016 година првпат биле забележани над 2.000 милијардери, а нивниот број пораснал за дури 13% во однос на година претходно. Соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, и натаму е најбогат со проценети 86 милијарди долари. Зад него е неговиот голем пријател, легендарниот инвеститор Ворен Бафет.

На третото место првпат е шефот на Amazon, Џеф Безос, кој направил најголем скок – за само една година богатството го зголемил за 27,6 милијарди долари, и сега вкупно има 72,8 милијарди.

Шпанскиот текстилен магнат Амансио Ортега падна на четврто место, а во Топ-5 е уште еден од технолошката сцена – основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тој лани го зголемил богатството за 11,4 милијарди, на вкупно 56 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×