Намален бројот на работници во индустријата
Објавено на од во Економија
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 2,5 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите седум месеци од годинава е помал за 1,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.
увоз на работна сила03Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пад од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,6, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,3 проценти, додека кај Енергија им опаѓање за 1,2 процента, кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка опаѓање за 5,6 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×