Намален бројот на работници во индустријата, соопштува ДЗС
Објавено на од во Економија
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај  лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот  јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
7-рabotnici-1Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во мај  оваа година, во однос на мај минатата година, бележи пад од еден процент, во преработувачката индустрија пад од 2,7  проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3  проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во мај годинава, во однос на мај лани бележи пораст кај „Капитални производи“ за 2,4  проценти, а опаѓање кај „Енергија“ за 1,2  проценти, „Интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,4  проценти, „Tрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8  проценти  и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за  пет проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×