Намален бројот на работници во индустријата
Објавено на од во Економија
Бројот на работници во иднустријата во јуни годинава во однос на јуни бележи намалување за 2,8%, а за шесте месеци од почетокот на годината е забележан пад од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
tekstil-modaБројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пад од 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија пад од три отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×