Намалени порачки и помал број вработени, очекуваат раководителите во трговијата на мало
Објавено на од во Економија
Економската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало во првиот квартал била поповолна, оценуваат раководителите на овие претпријатија, но нивните очекувања за наредните две тримесечја се понеповолни, објави Државниот завод за статистика.
trgovija-25156Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во првото тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, како и оценката за очекуваните порачки за наредниот период. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.
Продажните цени во првото тримесечје од 2019 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување во наредните три месеци.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2019 година имал: слабата побарувачка од купувачите со 21,1%, недостигот на обучен кадар со 20отсто, зголемената конкуренција на пазарот со 17,3% и зголемените трошоци за труд со 15,3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×