Намалено светското производство на вино за 10 отсто поради временските услови
Објавено на од во Економија
Мразот и сушата, особено во трите главни земји производители на вино Италија, Шпанија и Франција, се причина за намалување на производството за 10 отсто оваа година, покажуваат податоците на Меѓународната организација на винова лоза и вино.
виноГодинава винарите од целиот свет произвеле меѓу 258,3 и 267,4 милиони хектолитри вино или 262,8 милиони хектолитри во просек, во споредба со 294 милиони во 2018 година, врз основа на проценка заснована на 28 земји и 85 отсто од светското производство.
„По исклучително високиот обем на производство во 2018 година, производството оваа година се врати на просечното ниво од периодот 2007-2016 со исклучок на 2013 година“, се наведува во соопштението на меѓувладината организација со седиште во Париз.
Во Европската унија, обемот се намали за 15 отсто во однос на минатата година: 156 милиони хектолитри наспроти 182,7 милиони хектолитри лани. Од првите три винарски земји, најмногу страдаше Шпанија, со пад на производството од 24 отсто на 34,3 милиони хектолитри. Тоа, според организацијата, главно се должи на временските услови, односно многу студена и дождлива пролет и исклучително топло и суво лето.
Италија, чие производство се намали за 15 отсто на 46,6 милиони хектолитри, ја задржува првата позиција како најголем светски производител на вино по волумен. Во Франција, која е на второ место, обемот исто така се намали за 15 отсто на 41,9 милиони хектолитри.
Португалија, со 6,7 милиони хектолитри во 2019 година, е единствена земја во Европската унија која произвела повеќе вино од претходната година (10 отсто), над четири проценти од својот петгодишен просек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×