Намалување и бавниот раст на работоспособното население предизвик за земјите од регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На пазарот на труд во земјава се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст, што наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

увоз на работна сила01Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса што се одржа во хрватскиот град Дубровник.

Настанот е организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на која учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и  експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту.

На тркалезната маса  учесниците заклучија дека намалувањето или бавниот раст на работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ. Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×