Намалувањето на ДДВ-то се очекува да донесе пониски цени во Грција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пониски цени за низа производи во супермаркетите и угостителски услуги во Грција, се очекува да донесе најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за намалување на ДДВ-то од 24 на 13%.
grcija sopingКафе, какао, чај, шеќер, сол, оцет, сувомеснати производи, чоколади, сладоледи, бисквити, кроасни, двопек, конзерви, житарици, сончогледово масло, масло од соја, пченкарно масло, растителни масти, се на листата производи кои ќе бидат со намалено ДДВ од 13%. Додека пак, паралелно, со намалувањето од 24 на 13 отсто на ДДВ-то ќе бидат опфатени и угостителските услуги, односно производите во рестораните, таверните, пицериите, пекарите, кафулињата, слаткарниците, рестораните за брза храна.
Како што претходно објави МИА, Алексис Ципрас на синоќешната прес конференција рече дека првите позитивни и олеснувачки мерки за граѓаните ќе се спроведат веднаш, односно откако претходно ќе бидат изгласани од грчкиот Парламент, нешто што ќе се случи во текот на овој месец. Први јуни или први јули се можните термини за стапување во сила на намаленото ДДВ, кое ќе биде постојана, а не привремена мерка.
Во вториот пакет мерки предвиден за 2020, односно по изборите во октомври, предвидено е дополнително намалување на ДДВ-то од 13 на 11%, кое би важело од први јануари следната година.
Данокот на додадена вредност за конкретните прехранбени производи беше 13 отсто до 20 јули 2015 кога како дел од пакетот антикризни мерки се зголеми на 23%, а една година подоцна, од јуни 2016 од 23 се искачи на 24%.
Тогаш голем дел од сопствениците на рестораните и кафулињата, наместо да ги зголемат цените, решија разликата да биде на нивен товар, меѓутоа со текот на времето, оваа разлика се префрли и врз потрошувачите.
Со промените пред четири години, предвидувањата беа дека комплет ручек за двајца во таверна од 28 се зголеми на 35 евра, кафето стана поскапо за 30-40 центи, а чоколадата за 10 центи. a

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×