Наместо поскапување, Регулаторна ја поевтини струјата за 0,33%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената на електричната енергија за 0,33%. Иако претходно се очекуваше нејзино зголемување, најновата одлука ќе важи веќе од утре

Во текот на вчерашниот ден, Регулаторната комисија за енергетика одржа подготвителна седница, на која се разгледуваа аргументите за покачување на цената на струјата.

Регулаторите детално ги разгледуваа извештаите поднесени од трите енергетски компании во земјава, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, кои се однесуваа на нивните трошоци.

Минатата година цената на електричната енергија поскапе за 3,5%, а кумулативно во претходните години дури за 50%.

Исто така, во 2012 година беше укината евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 15 часот во текот на работните денови, со што регулаторите во тој период ја поскапеа струјата за високи 130%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×