Нападот во Берлин е удар врз бегалската политика на Меркел
Објавено на од во Профил

EU Heads Of State Celebrate 50 Years Treaties Of RomeТероризмот во Европа е новата реалност

И додека германската јавност има голем проблем да го прифати овој факт, нападот во Берлин е уште поголем проблем за Меркел и нејзиниот Христијандеморатски сојуз, посебно заради фактот што следната година се одржуваат парламентарни избори во Германија. Имиграционата политика на Меркел и без овој напад постојано е подложна на многу критики. Германија само минатата година прими над 1 милион бегалци.

Германскиот главен град Берлин стана жртва на тероридтички напаd, откако камион се удри во новогодишен пазар во понеделникот вечерта, убивајќи 12 и ранувајќи уште пеесетина луѓе. Германската канцеларка Ангела Меркел излезе со изјава дека станува збор за терористички напад. “Ќе соберам сили да продолжам да живеам, како што сакаме да живееме во Германија, слободно, отворено и заедно. Не сакам да живееме во страв од злото. Милиони луѓе, меѓу кои и јас, се прашуваме како можеме да живееме со фактот, дека еден убиец за време на божиќни празници може да одземе толку животи”, изјави Меркел.

Според Меркел, нападот би бил уште постражен ако се докаже дека извршителите биле пуштени во Германија како бегалци.

И додека германската јавност има голем проблем да го прифати овој факт, нападот во Берлин е уште поголем проблем за Меркел и нејзиниот Христијандеморатски сојуз, посебно заради фактот што следната година се одржуваат парламентарни избори во Германија. Имиграционата политика на Меркел и без овој напад постојано е подложна на многу критики. Германија само минатата година прими над 1 милион бегалци.

Profil 895
Поделена Германија

Политиката на Меркел на отворени врати ја подели Германија. Критичарите на политиката на Меркел кон бегалците сметаат дека таа е голема закана за сигурноста во земјата. Неколку напади кои се случија изминатата година само ја засилија таквата поделеност.

Од германското обвинителство посочија дека истрагата продолжува и „треба да сме отворени за идејата дека приведениот може и да не е напаѓачот“. И дополнија дека претстои да се види дали извршителот или извршителите имале помош однадвор. Но, нападот на божикен пазар е „симболичен“ и не е можно вакви локации да бидат претворени во „тврдини“.

Берлинскиот напад е огромен проблем за Меркел, во услови кога нејзината имиграциска политика е предмет на силни критики. Лидерот на Христијанско-социјалната унија на Баварија, Хорст Зеехофер, која е „сестринска“ партија на христијан-демократите на Меркел, ја повика канцеларката „да ги преразгледа германската имиграциска политика и  државна безбедност, и да ги промени“. Високиот член на антиимиграциската партија „Алтернатива за Германија“, Маркус Претцел, ја обвини Меркел за берлинскиот напад, доведувајќи го во врска со политиката на „отворени врати“ кон бегалците.

Ќе соберам сили да продолжам да живеам, како што сакаме да живееме во Германија, слободно, отворено и заедно. Не сакам да живееме во страв од злото. Милиони луѓе, меѓу кои и јас, се прашуваме како можеме да живееме со фактот, дека еден убиец за време на божиќни празници може да одземе толку животи”, изјави Меркел.

Во пресрет на изборите

Во 2017 година во Германија ќе има парламентарни избори. На локалното гласање во септември оваа година, „Алтернативата за Германија“ постигна значаен напредок, додека партијата на Меркел (CDU) имаше најлош резултат во историјата, што беше сериозен удар за канцеларката. А според аналитичарите, германскиот политички пејзаж се менува, и антиимигрантската и антимуслиманската реторика на „Алтернативата за Германија“ му се допаѓа на дел од електоратот.

Се појавија и прашања дали било доволно направено по преудпредувањата дека божикните пазари во Европа може да бидат цел на терористи. Според професорот Ентони Глис, директор на истражувањата за безбедност и разузнавање на Универзитетот во Бакингем, одлуката на Меркел да пушти над еден милион мигранти во текот на 2015 година била „катастрофална“  за Германија и воопшто за Европа.

„Знаеме дека многу од тие луѓе не дошле од Сирија, и некои од нив не биле доволно добро проверени. Ако само ги отвориш границите, ќе пуштиш и малку од оние многу опасни луѓе. А не требаат многу луѓе за да ја дестабилизираат законската контрола на владите врз граѓаните“, вели Глис.  Дополнува дека Германците сега треба да ја надминат антипатијата кон мерките за следење од страна на безбедносните сили, и да покажат дека нивната демократија е „демократија со мускули“.

Ако германската полиција потврди дека станува збор за планиран напад, тоа ќе биде првиот голем терористички напад во државата по долги години, и, според аналитичарите, сега стравовите само ќе растат. Што, од една страна, ќе ја засили „Алтернативата за Германија“ токму пред изборите, а, од друга, неминовно ќе доведе до затегнување на бегалската политика. Самата Меркел веќе направи чекор во овој правец.

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×