Народна банка: Незначително намалени каматите на кредитите, кај депозитте без промена
Објавено на од во Економија
Просечната каматна стапка на кредитите во јуни бележи незначително намалување и изнесува 5,19%. Според објавените податоци на Народната банка во однос на претходниот месец се бележи намалување од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа, намалувањето е за 0,38 процентни поени.
Narodna-Banka-2avg18-MetaПодатоците покажуваат дека нема промена кај просечната камата на депозитите и таа се задржа на 1,41 отсто
Просечната каматна стапка бележи раст кај новоодобрените кредити, во текот на јуни,  за 0,02 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,70%, додека споредено на годишна основа е остварен пад од 0,27 процентни поени. Кај новопримените депозити пак каматата изнесува 1,15% и има намалување на месечно ниво од 0,16 процентни поенти, а на годишно 0,14 проценти поени.
Каматата кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор бележат намалување од 0,03 проценти поенти на месечно ниво и изнесува 4,45%.
Кај кредитите на домаќинствата каматата на месечно ниво е намалена за 0,02 отсто и изнесува 5,92%. Кај новоодобрените кредити е забележан зголемување на каматната стапка од 0,04 проценти поени и знесува 5,22%.
Кај депозитите, според податоците на Народната банка, нема промена кај просечната камтана стапка осум месеци по ред и изнесува 1,38%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×