Народната банка ги намали проекциите за економски раст во 2018 година од 3,2% на 2,3%, извозот ќе ја “спасува” економијата
Објавено на од во Економија

Народната банка на Македонија соопшти дека проценките за економски раст за 2018 година се ревидирани во надолна насока, од 3,2% очекуван раст на 2,3%. Овие промени, главно произлегуваат од остварувањата во првата половина од 2018 година, кога економијата забележа понизок раст од очекуваниот, пред се како одраз на падот на инвестициите.

За овој период на проекции се задржуваат досегашните претпоставки за раст којшто главно произлегува од извозот и инвестициите, и покрај малку понеповолниот надворешен амбиент, којшто главно се должи на малку понискиот раст на странската побарувачка и на зголемените ризици за светската економија, во споредба со претходните согледувања.

“Главни фактори за растот и натаму се активностите на новите индустриски капацитети ориентирани кон извоз, странските инвестиции, како и јавните инвестиции во патната инфраструктура. Во поглед на структурата на растот, се очекува дека домашната побарувачка ќе продолжи да има најголем придонес кон растот во периодот на проекции, со исклучок на 2018 година, кога значителен  позитивен придонес ќе има нето-извозот”, велат од Народната банка на Македонија.

Kредитната активност на банкарскиот сектор и натаму се оценува како важен фактор на поддршка на економскиот раст. За 2018 година, согласно со остварувањата од почетокот на годината, направена е нагорна корекција кај кредитите на приватниот сектор, при што кредитниот раст е проектиран на 8,4%, наспроти 6,5% со априлските проекции. За 2019 година се очекува слична динамика на раст на кредитната активност од 8,5% (7,7% во априлската проекција), додека за наредниот период заклучно со 2021 година, кредитниот раст во просек се очекува да изнесува 8,4%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×