Народната банка ја зголеми основната камата од 3,25% на 4%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75 процентни поени, од 3,25% на 4%. Ова е прво зголемување на основната камата во земјава по речиси три години.

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“, објаснуваат од Народната банка.

Од друга страна, од НБМ велат дека и понатаму ги оценуваар економските фундаменти како здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата.

„Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен раст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и натаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови“, објаснуваат од Народната банка.

Во соопштението од централната банка се вели дека како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следат движењата и доколку е потребно, ќе направат дополнителни промени во монетарната политика за целосно стабилизирање на состојбите и на очекувањата на економските субјекти, со цел успешно да се остваруваат целите на монетарната политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×