Народната банка со нови мерки за поддршка на економијата
Објавено на од во Економија
Се намалува основата на обврската за задолжителна резерва; се укинуваат провизиите коишто досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банка, итн. 
NBRM-960x5281
Советот на Народната банка одржа вонредна седница на која во согласност со своите надлежности донесе неколку одлуки, коишто се во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција.
Поконкретно, Советот ги донесе следните одлуки:
 -       Одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва
 Со оваа измена, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на  новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат  најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува мерката да има поттикнувачко дејство за непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.
 -       Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците
 Со оваа одлука се одложува рокот во кој банките треба да го достават првиот Извештај за процесот на утврдување интерна ликвидност, со што, наместо до 31 мај, оваа обврска ќе треба да се исполни до 30 септември 2020 година. Со ова регулаторно олеснување, на банките и на нивните тимови им се остава простор за поголема фокусираност на обезбедувањето кредитна поддршка на корпоративниот сектор и на населението, како и на одржување на квалитетот на кредитното портфолио.
 -       Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка
 Донесена е одлука со којашто се укинуваат провизиите коишто досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банка. Со ова се елиминираат сите трошоци за подигнување и враќање на ефективни пари. Ваквите промени се во насока на поддршка на процесот на управувањето со готовината, на начин којшто ги минимизира евентуалните ризици од пренесување на заразата преку овој канал.
 Претходно, во понеделникот, на седницата на Комитетот за оперативна монетарната политика на Народната банка беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на нивото од 1,75%, што треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките.
 Народната банка ќе продолжи со голема внимателност да го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и адекватна и навремена реакција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×