Нарцисоидните лидери ги изложуваат сите на ризик
Објавено на од во МЕНАЏМЕНТ
CEO narcisНарцисоидните лидери вообичаено имаат голема самодоверба, многу се сигурни во самите себе и можат да “насликаат” многу привлечна слика за иднината, што се гледа како потребна особина за да се поттикнат тимовите кон успех. Секогаш ја наградуваат лојалноста наспроти експертизата во назначувањето на свои заменици и луѓе во тимот, а сите признанија за успеси мора да ги добиваат само тие и никој друг. Таквото однесување не само што само е вознемирувачки за талентираните членови на тимот кои заслужуваат признание за својата успешна работа, туку во голема мера ги деморализираат и се причина да ја напуштат компанијата.

Нарцисоидните лидери обично се фокусирани само на себе, арогантни, без трпение и непријателски настроени кога ќе бидат предизвикани. Честопати им недостасува емпатија и ги искористуваат другите за своја корист.
Секој со овие особини е напорен да го имате во своја близина. Но, да се има лидер кој е нарцисоиден може да има долготрајни негативни последици.
Новообјавената студија од Стенфорд Универзитетот и Универзитетот Беркли од Калифорнија покажуваат дека извршните директори кои се пооптоварени со самите себе имаат поголема веројатност нивната компанија да заврши како обвинета во тужбите. И тие не се склони да се спогодуваат и да постигнуваат решенија, дури и кога нивните шанси за победа не се силни, одвлекувајќи го времето и цената на решението.
“Луѓето со висок степен на нарцисоидност се помалку чувствителни на ризик”, вели Џенифер Чатман, професор по менаџмент на Факултетот за бизнис Беркли Хас и еден од истражувачите во студијата.
Тие, исто така, имаат тенденција да ги намалуваат негативните повратни информации и се претерано сигурни во своите проценки.
Чатмен смета дека тужбите поднесени за време на мандатот на нарцисоидни извршни директори се вообичаени исто колку што се основните деловни практики, како сметководствени неправилности или прекршување на патенти.
Тоа може да биде затоа што нарцисоидните извршни директори имаат поголема веројатност да ги прекршуваат правилата и да создадат корпоративни култури со “низок интегритет”, кои честопати го надминуваат нивниот мандат, покажуваат истражувањата на овие два универзитети.
Нарцисоидните лидери имаат тенденција да ја наградуваат лојалноста наспроти експертизата во назначувањето на свои заменици и луѓе во тимот.
Зошто нарцисодините извршни директори воопшто се ангажираат?
Тие вообичаено имаат голема самодоверба и се многу сигурни во самите себе и можат да ви “насликаат” многу привлечна слика за иднината, што се гледа како потребна особина за да се поттикнат тимовите кон успех.
Претходно истражување од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Калифорнија сугерираат дека корпоративното поле за игра може да биде наклонето кон нарцисоидните личности кои бараат моќ. Тие добро поминуваат на интервјуата, а нивната преголема самодоверба може да ги заведе комисиите за вработување и назначување.
Очигледно постојат проблеми да се разликува лидерството од нарцисоидноста, смета Четман.
Токму затоа истражувањата сугерираат одборите кои бараат извршен директор да ги надминат нивните одлични резултати во биографиите и харизмата. Наспроти тоа, се препорачува да се разговара со претходните претпоставени на кандидатите за да добијат подобри сознанија за нивното однесување, бидејќи понекогаш потребно е време за да се покаже темната страна на нарцисоидноста.
Нарцисоидните лидери можат да се покажат како пречувствителни кога нивните одлуки или авторитетот ќе се соочат со предизвик.И тие се склони да го заглават вниманието само на успехот.
Нарцисоидните лидери ќе покажат проблематично интерперсонално однесување во ситуации кога е потребно да се даде поголем кредит и признание за позитивните резултати на некој друг член од тимот. Успесите и признанијата за успешните резултати мора да се поврзуваат само со нарцисоидниот лидер и со никој друг.
И таквото однесување не само што само е вознемирувачки за талентираните членови на тимот кои заслужуваат признание за својата успешна работа, туку во голема мера ги деморализираат и се причина да ја напуштат компанијата.
Затоа, нарцисоидниот лидер можеби на прва ќе изгледа како полн со самодоверба и харизматичен, но работењето со него е навистина мачно, што на крајот е лошо за целата компанија која тој ја раководи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×