19 февруари, 2026
1 минута читање

НАСКОРО, ВО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ, СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА: ОСИГУРУВАЊЕ

Почитувани читатели, деловни партнери и соработници на Изданијата на Капитал Медиа, Осигурувањето одамна не е само полиса и потпис. Зад бројките стојат луѓе, одлуки и реални ризици со кои секојдневно се соочуваат граѓаните и компаниите. Во време на економска неизвесност, климатски промени и забрзана дигитализација, осигурителниот сектор во Македонија се менува – тивко, но суштински. Капитал во овој специјален прилог ги отвора клучните прашања: како се гради доверба, кој ја носи одговорноста и каква сигурност им е навистина потребна на луѓето.

Во „Осигурување:
Луѓето, ризиците и одлуките што ја градат сигурноста“,

ќе може да прочитате:

Осигурувањето низ призма на реалниот живот

  • Зошто осигурувањето сè уште се доживува како трошок, а не како заштита
  • Кога граѓаните сфаќаат што значи осигурување – пред или по ризикот
  • Довербата како најскапа валута на пазарот

Пазар, институции и одговорност

  • Како функционира осигурителниот систем во Македонија денес
  • Улогата на регулаторот и стабилноста на пазарот
  • Што значи одговорно осигурување за компаниите и за клиентите

Луѓето зад компаниите

  • Интервјуа со менаџери: како се носат одлуки во услови на кризи
  • Брокерите како посредници на доверба, не само на продажба
  • Банки, штедилници и осигурување – каде се сечат интересите, а каде потребите

Нови трендови, стари прашања

  • Дигитални алатки, но човечки пристап
  • Персонализирани полиси и реални потреби
  • Може ли технологијата да ја замени проценката на човекот?

Иднината на сигурноста

  • Климатски ризици и зголемени штети – дали пазарот е подготвен
  • Осигурување како дел од одржливиот економски модел
  • Што ќе бараат клиентите утре, а што компаниите мора да понудат денес

Почитувани деловни партнери и соработници,

Во рамки на специјалната едиција „Осигурување“, Kапитал предвидува простор и за претставување на успешни компании на македонскиот пазар. Преку текстови, ПР текстови и ексклузивни интервјуа …

Затоа…

Срдечно Ве покануваме да земете учество во комерцијалниот дел од специјалниот прилог избирајќи некој од пакетите што ги подготви нашиот тим за продажба. Раскажете ја успешната приказна на вашата компанија преку објава на реклама, ПР текст или интервју.

Со што во голема мерка ке придонесете оваа голема тема да допре до што поголем број читатели на магазинот Капитал како во неделникот така и на широкото пространство на социјалните мрежи.

Ви благодариме на соработката,

Љупчо Зиков

Капитал магазин
Директор и Главен уредник

Повеќе информации во врска со прилогот и

за претставување во истиот можете да добиете на e-mail:


marketing@kapital.mk
aleksandra.nikolova@kapital.mk  или на телефонскиот број: 
071  268 877 Александра Николова

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ