Наследникот на Samsung осуден на 5 години затвор поради корупција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Објавена е пресудата во големиот корупциски случај во кој беа вмешани челници на големи јужнокорејски компании, од кои најзвучно име е Ли Џе-Јонг од Samsung, па дури и поранешната претседателка на оваа земја, Парк Гин-ху. Таа поради скандалот беше принудена да даде оставка, а човекот кој требаше да стане прв човек на Samsung денеска е осуден на затворска казна од 5 години.  Ли Џе-Јонг е обвинет за давање мито на поранешната претседателка, со цел да ја задржи контролата врз конгломератот Samsung. Според обвинението, делото го извршил со спонзорирање на кариерата во коњичките спортови на ќерка на блиска пријателка на претседателката, а парите, секако, завршувале кај Парк Гин-ху. На ваков начин бил исплатен износ на мито од околу 6,2 милиони долари.

Ли и натаму ги негира обвинувањата, а неговите адвокати најавија дека ќе поднесат жалба на пресудата, и оти се уверени дека истата ќе падне.

Засега не е позната судбината на Ли Џе-Јонг во Samsung, а тој моментално се наоѓа на позицијата претседател на управата, каде го менува својот татко, Ли Кун-Хи, кој се повлече поради лоша здравствена состојба. Според сите показатели, Ли на оваа позиција требаше да остане, и така и официјално да го замени татко му и да ја преземе целосната контрола над компанијата. Денешната пресуда, ако ништо друго, ваквиот план барем ќе го одложи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×