НАТО го затвора Медитеранот за бегалците
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Јенс Столтенберг,генерален секретар на НАТО денеска во Брисел објави дека на силите на морнарицата им е наложено веднаш да се упатат кон Егејското море, со цел да се сопре криумчарењето на бегалци од Турција во Грција.

„Бродовите веднаш ќе тргнат“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Столтенберг објасни барање до НАТО за испраќање на воена помош во Медитеранот упатиле Германија, Грција и Турција.
Воените бродови на НАТО ќе бидат задолжени за извидување и надзор во Егејското море за да помогнат да се сопре најголемата мигратска криза после Втората светска војна.
Американскиот генерал на воздухопловните сили, Филип Бридлав кој е командант на НАТО силите во Европа, им наложил на една група од морнарицата „без одложување“ да се распореди на Егејот.
Шефот на Пентагон, Ештон Картер претходно во Брисел изјави дека НАТО силите се подготвени да им помогнат на Германија, Грција и Турција кои побарале помош за надзор на брегот на Егејското море поради криумчарењето на мигрантите.
Трите земји истакнале потреба НАТО да реагира што поскоро, со што американските сили се сложуваат затоа што во прашање биле човечки животи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×