НАТО: Покана за Македонија ако има заеднички прифатливо решение за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ја потврдија условената покана за членство на Македонија од Самитот во Букурешт 2008 година.

„Ја повторуваме цврстата посветеност на НАТО на евроатлантските интеграции на БЈР Македонија. Ние го цениме нејзиниот непоколеблив придонес за нашите операции и нејзината долгогодишна посветеност на процесот на пристапување во НАТО. Ние ја потврдуваме нашата одлука донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а повторена на последователните самити, дека НАТО ќе испрати покана на БЈР Македонија веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение за прашањето за името во рамките на Обединетите нации. Ние продолжуваме да ги интензивираме своите напори кон таа цел“, се наведува во декларацијата на НАТО-министрите.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, усвоија и заклучок дека поради загриженост од политичките случувања во земјата ги повикуваат сите страни да го почитуваат и да продолжат со спроведување на Договорот од јуни-јули, што беше олеснет од страна на ЕУ. Алијансата очекува и одржување на слободни и фер избори следната година, што, како што се наведува, „ќе биде важен репер за овој процес, кој ние ќе продолжиме да го следиме внимателно“.

„Ги охрабруваме интензивираните напори за политички компромис и реформи, особено за обезбедување ефективен демократски дијалог, владеење на правото, слобода на медиумите и независност на судството. Ние, исто така, продолжуваме да ги поттикнуваме натамошните напори за изградба на целосно функционално мултиетничко општество врз основа на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Ние ги охрабруваме понатамошните заложби за развивање на добрососедските односи“, се вели во овој дел од декларацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×