НАТО се придружува на коалицијата против Исламската држава
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАТО, на денешниот самит на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, формално ќе одлучи да се придружи на коалицијата против Исламската држава, предводена од САД, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Со тоа ќе испратиме силна политичка порака за посветеноста на НАТО на борбата против тероризмот“, рече Столтенберг.

На денешниот самит на шефовите на држави и влади на земјите од НАТО, првпат ќе учествува и црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, чија земја во јуни и официјално станува членка на Алијансата.

Меѓу темите на средбата ќе бидат прашањата за споделениот товар за активностите на Алијансата, постигнувањето на целта за трошоците за одбрана – два проценти од БДП на државите; разработка на национални планови за реализација на овие цели.

НАТО ќе ги добие и клучевите од своето ново седиште во Брисел, претседателот Трамп ќе открие споменик посветен на чл. 5 од Вашингтонскиот договор, а германската канцеларка Ангела Меркел ќе открие споменик со парче од Берлинскиот ѕид.

Новиот дом на НАТО ќе биде отворен врз терен што претходно бил бојно поле, а денеска станува симбол на соработката и дијалогот меѓу сојузниците, објасни Столтенберг. Тој прецизира дека на местото на новото седиште при изградбата биле откриени четири неексплодирани бомби од двете светски војни.

Денеска, на маргините на самитот, прв состанок ќе одржат Трамп и новиот француски претседател, Емануел Макрон.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×