Натпреварот на Google за пат до Месечината ќе заврши без победник
Објавено на од во hi-tech & business

Пред повеќе од 10 години Google распиша конкурс  Google Lunar X Prize за приватни компании што имаат аспирации да лансираат летала во вселената. Натпреварот се состоеше од низа задачи: прво требаше со роботско летало да се слета на природниот сателит на Земјата, потоа со лунарно возило да се поминат барем 500 метри, а сето тоа да биде снимено со видео и со слики со висока резолуција што би биле пратени на Земјата.

Првиот тим што би успеал во ова требаше да добие награда од 20 милиони долари од Google, а и сите успешни обиди за завршување на некој од задачите ќе беа наградени со милионски износи.

Но, ниту една компанија досега не направи значаен исчекор кон оваа цел, а конечниот датум до крајот на Xprize натпреварот e 31 март 2018 година. Од Google веќе нема да го поместуваат датумот, како што сторија во 2012 (до 2014) и во 2014 (до 2018).

Според податоците што ги објави CNBC, четири тима што биле најблиску до тоа да ја добијат главната награда, останале без пари и/или не можат да гарантираат лансирање на свои лунарни летала оваа година. Затоа се чини дека на 31 март натпреварот ќе згасне без прогласување победник.

Од Google сметаат дека ова е неуспех на целата акција, зашто на различни екипи низ годиниве им биле доделени над 6 милиони долари за презентирање нови концепти, хардвер и софтвер за остварување на патот до Месечината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×