Научниците пресметаа кога вештачката интелигенција ќе го надмине човекот
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

ai-arms-race-part-1До 2060 година луѓето ќе бидат инфериорни во однос на роботите

Засега вештачката интелигенција ги надминува луѓето во навистина сложени, но специфични задачи, надвор од кои е бескорисна; и за да почне да прави нешто друго потребен ѝ е тренинг од почеток. Но, не се знае што би донел некој иден скок во напредокот на оваа технологија, па водечките технолошки умови размислуваат и за решение за пресретнување на опасноста од доминацијата на вештачката интелигенција

 

Интеграцијата на луѓето и на роботите веќе денеска е факт што не може да се оспори. Студијата што ја објави Универзитетот Корнел тврди дека постои 50-отстотна можност дека вештачката интелигенција (Artificial intelligence – AI)или роботите ќе ги надминат луѓето за 45 години, или околу 2060 година. Овој заклучок е изведен од истражувањето спроведено од Оксфордскиот и од Јеил Универзитетот, во кое учествувале над 350 експерти за вештачка интелигенција.

Очекувањата се вештачката интелигенција претходно да успее да совлада бројни интелектуални активности. До 2024 година, AI би можеле да биде подобра од луѓето во преведување од еден јазик на друг. До 2026 би можела да биде поуспешна во пишување есеи за критериумите на средно училиште, а до 2027 и во управувањето со камион.

Веќе до 2031 година вештачка интелигенција или роботи би можеле да работат во продавници. До 2049 година би можеле да пишуваат бестселери, а до 2053 самостојно би вршеле оперативни/хируршки зафати. Учесниците во истражувањето веруваат дека за 120 години сите дејности што ги врши човекот би можеле да бидат автоматизирани.

Резултатот очигледно има далекусежни општествени последици, уверена е експертката Катја Грејс од Институтот за истражување на машинската интелигенција во Беркли, Калифорнија. И покрај тоа што се уверени дека вештачката интелигенција релативно брзо ќе ги надмине луѓето, експертите се на став дека постои само 5% можност компјутерите да доведат до уништување на луѓето. Уверени се дека луѓето и натаму ќе бидат тука за да ги решаваат идните проблеми со вештачката интелигенција.

„Постојат сѐ повеќе докази дека вештачката интелигенција ќе ги надмине луѓето во сложените, но сепак специфични задачи“, е изјава на претставничката на Универзитетот во Шефлид, Елени Василаки.

„Но, нема многу докази дека во догледно време ќе се појави AI што ќе поседува човечка сестраност“, вели Василаки.

Веќе денеска постојат повеќе системи за вештачка интелигенција кои лесно ги победуваат луѓето, но тоа го можат само во еден вид задачи. Во сѐ друго се целосно бескорисни, освен ако одново не бидат истренирани од почеток.

46Илон Маск смета дека AI побрзо ќе го надмине човечкиот мозок

Поамбициозни очекувања во однос на напредокот на вештачката интелигенција има иноваторот и претприемач, Илон Маск, основачот на Tesla и на SpaceX, кој смета дека таа (AI) ќе ги надмине луѓето во секој поглед веќе до 2030 година. Зашто, според Маск, перформансите на човечкиот мозок веќе за 13 години ќе бидат надминати од оние на компјутерите.

Ова тој го објави на Twitter, коментирајќи ја студијата за која пишувавме погоре, дека компјутерите до 2060 година ќе ги надминат луѓето.

Тврдењето од истражувањето дека за 120 години сите дејности што ги врши човекот би можеле да бидат автоматизирани, за Макс не претставува никаков проблем, зашто тој веќе планира во човечкиот мозок да вградува компјутер.

Тоа е всушност неговото решение за пресретнување на опасноста од доминацијата на вештачката интелигенција во иднина.

„Како времето оди натаму, мислам дека веројатно ќе гледаме сѐ поголемо зближување на биолошката и на дигиталната интелигенција“, вели Маск.

Неговата визија е за поврзување на најдоброто од двата света – моментално човекот е поделен на своето биолошко тело и на својата дигитална верзија, онаа што постои на интернет во форма на профил, и-меилови и други дигитални форми на комуникација и складирање податоци.

„Воглавно тука се работи за брзината на поврзување на нашиот мозок и на дигиталната верзија на самите нас“, вели Маск.

„Компјутерите можат да комуницираат со брзина од трилион бајти во секунда, додека човекот „типкајќи“ на мобилниот може да постигне одвај 10 бајти во секунда“, појаснува Маск.

„Некаков широкопојасен приклучок во мозокот би бил нешто што би помогнало во остварувањето на симбиозата меѓу човечката и компјутерската интелигенција, па тоа можеби би ги решило и проблемите на контролата и на корисноста (на човекот)“, изјави Маск, говорејќи за стравувањата од „длабока AI“, односно од вештачка интелигенција што би била попаметна и од најпаметниот човек на светот.

Слично како Маск, и футуристот на Google, Реј Куртцвел, очекува годината на сингуларитетот, кога вештачката интелигенција ќе стане еквивалентна на човечката, да се случи многу порано од наведеното во цитираното истражување.

Куртцвел е длабоко уверен дека дури 60% од денешните професии ќе се автоматизираат веќе за 10 години.

Тој често предвидува дека за човекот да остане во чекор со машините, за неколку години ќе почне да си вградува чипови со кои ќе се поврзува на „облак“ (cloud), преку кој ќе има пристап до сите информации.

Засега само можеме да замислиме што би значело во секој миг да имаме пристап, на пример, до целата Wikipedia … И сѐ она што сега го бараме преку компјутер во иднина да го имаме како податок со самото помислување на одредена тема.

Куртцвел смета дека токму овој чекор во технологијата ќе ја дефинира иднината на човечката раса, и оти е неопходно да станеме киборзи, какви што гледаме во научно-фантастичните филмови.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×