Наумоски: Стопанството е диктирано од случувањата во политиката
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2019
Saso-Naumoski foto

 

 

Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка

 

Какви очекувања имате за следната 2019 година на ниво на компанија? Проценки за обем на работа, извоз, инвестиции, вработувања, нови производи и услуги…

Стопанството е диктирано од случувањата во политиката. Изминатите турбулентни години донесоа турбуленции и во економијата со кои успешно се справивме. Следната година е година на избори, претседателски, па со оглед на тоа нашите очекувања се дека нема да имаме значителен раст, но сепак сме подготвени за предизвиците. Витаминка во измината година направи еден навистина голем и значаен чекор со купувањето на Брилијант. За следнава години нашиот фокус е насочен кон овој производ што за нас има двојно значење и како суровина и како производ бренд. Имавме многу успешно преземање на штипската фабрика, во последните 6 месеци успеавме да создадеме позитивна приказна и го вративме брендот Брилијант на продажните полици, а притоа одлично се изборивме со пазарот. Навистина сме задоволни од она што го постигнавме досега и во следниот период ќе се насочиме, Брилијант покрај што го вративме во маркетите и малопродажните ланци во Македонија, да го позиционираме и на пазарите на Косово, Албанија и Србија.

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи Вашата компанија и индустријата во која работите во 2019? 

Следната година нашиот предизвик е да го вратиме Брилијант со над 50% учество од пазарниот удел. Сакаме да го извадиме максимумот од постоечките капацитети на фабриката. Во исто време ја поддржуваме иницијативата за враќање на производството на сончогледовата култура, бидејќи сметаме дека е добра идеја од која ќе имаат бенефит повеќе страни. А ако зборуваме за проблем со којшто како компанија се соочуваме, тоа се недостатокот на кадри, односно недостаток на средно стручен и високо стручен кадар, од техничките училишта. Сепак ние сме конкурентен работодавач и на соодветен начин се справуваме со овој проблем.
Очекувањата и проценки за македонската економија. Каде ги гледате предизвиците и потенцијалите за поголем економски раст?

Мора да постои синергија помеѓу македонските компании и државните институции. Мора да постои помош и финансиска поддршка на домашните компании за пласман на производите во странство, но и за поддршка на домашен терен. Патната инфраструктурата треба да се подобри бидејќи без тоа нема напредок, а сведоци сме дека се прават обиди за поголема поддршка на македонското стопанство. Севкупно е потребна долгорочна стратегија за поддршка.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×