Наумов: Лошите услови за компаниите од индустриската зона Визбегово се огледало на третманот на малите и средни претпријатија во земјата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот што го имаат малите и средните домашни претпријатија во земјата во изминатиот период“, соопшти дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, кој денеска се сретна со претставници на Задружението на стопанственици од индустриската зона во Визбегово.

Наумов на средбата рекол дека домашните компании ќе добиваат многу поголема поддршка од страна на државата, зашто се основа за растот на македонската економија.

Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година.

„И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите сѐ уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и канализациска мрежа, како и патна инфраструктура“, се вели во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×