Наумовски: Влегуваме во процес на големи инвестиции
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Сашо Наумовски, генерален директор на Витаминка

Saso-Naumoski-01

Во прехранбената индустрија е потребна помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар

 

-Што очекувате во работењето на Вашата компанија од деловната 2016 година и кои се вашите прогнози за индустријата во која работите и целата економија?

Кога давате прогнози најчесто тие се темелат врз основа на претходните години и движењата на пазарот во тој период. Може да се каже дека во моментов е тешко да се даде проценка за развојот на индустријата, но за Витаминка со сигурност може да прогнозирам дека ќе се движиме кон подобри резултати од оние постигнати во 2015 година. Влегуваме во процес на реализација на крупни инвестиции во делот на производството и се надеваме дека новите инвестиции ќе донесат нови можности.

-Кои се најголемите опасности на економски план за следната 2016 година?

За економската клима секогаш е лошо кога има политички превирања. Секогаш кога има политичка нестабилност има и нестабилност во економијата. Треба да се има предвид дека од големо значење е и нашата интеграција во европската унија каде се јасни законските регулативи што треба да се следат. Од друга страна, проблем за македонските производители е што треба да се најде начин да се заштитиме од странските производи. Во исто време имаме големи проблеми на регионалните пазари каде се штитат домашните производи на сметка на македонските. Нема некој баланс во односите, а тоа е на наша штета.

-Што очекувате во 2016 година од економската политика, посебно на полето на даночната политика, вработувањето, извозот, инвестициите..?Односно кои мерки сметате дека треба да се донесат кои би можеле да ги подобрат условите за водење бизнис?

Не можам да зборувам за движењата во економијата во Македонија во целост, бидејќи секоја индустрија има свои проблеми и се соочува со разни предизвици. Во нашата индустрија е потребна помош за отворање на нови пазари надвор од нашите граници и заштита на домашните производи на македонскиот пазар. Секое зголемување на добивката, пак, на компаниите им дава можности за инвестиции, а со тоа и отворање на нови работни места.

-Кои потези и одлуки планирате да ги преземете во деловната 2016 година за да го подобрите работењето на вашата компанија? 

Витаминка одбележува 60 години од постоење. Оваа, 2016 година ќе биде година на Витаминка пред се поради јубилејот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×