НБ: Финансискиот сектор стабилен, банките ликвидни
Објавено на од во Економија
Финансискиот сектор минатата година ја одржа стабилноста. Институциите функционираа во релативно поволен домашен амбиент, банките се ликвидни и ги подобрија показателите за изложеноста на ризиците, а стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови.
foto-2Ова стои во Извештајот за финансиска стабилност во 2018 година, што го усвои Советот на Народната банка.
Минатата година, значително е забрзан растот на активностите на банкарскиот систем, при раст и на депозитите и на капиталните позиции. Продолжен е процесот на деевроизација, што, според Народната банка, е видливо преку намалување на учествата на кредитите и депозитите со валутна компонента во вкупните кредити и депозити.
Банкарскиот систем е ликвиден, а воедно и со високо ниво на солвентност, при стапка на адекватност на капиталот од 16,5 отсто и преовладување на најквалитетниот, т.н. редовен основен капитал во вкупниот регулаторен капитал. На солидно ниво е и квалитетот на активата на банките, со учество на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор од 5,2 отсто и висока покриеност на овие кредити со издвоени резервации за очекувани кредитни загуби од 76,3 отсто.
На седницата на Советот е нагласено дека во 2018 година домашниот корпоративен сектор ги подобри резултатите од работењето, ја зголеми додадената вредност и отвори нови работни места, во услови на раст на платите на вработените.
„Показателите за профитабилноста, задолженоста и способноста за редовна отплата на обврските на корпоративниот сектор, исто така, забележаа умерено подобрување, што е значајно од аспект на управувањето со кредитниот ризик што домашниот финансиски систем го презема при финансирањето на домашните компании“, се наведува во извештајот.
Според Народната банка, показателите за солвентноста и ликвидносната на домаќинствата, заедно со ниското и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредити во портфолијата на банките и натаму упатуваат на релативно ограничена чувствителност на овој сектор на шокови и главно одржување во контролирани рамки на ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од него.
Народната банка, како што стои во соопштението, внимателно и редовно ги следи состојбите со задолженоста и на корпоративниот сектор и на секторот „население“ и доколку оцени дека е потребно ќе преземе соодветни мерки.
Во однос на капитално финансираното пензиско осигурување, како втор сегмент според големината на средствата во нашиот финансиски систем, е заклучено дека не се очекуваат поголеми ризици од работењето.
„Неодамнешните измени во законската регулатива во доменот на пензиското осигурување треба да овозможат зајакнување на одржливоста на вкупниот пензиски систем на долг рок и стабилна исплата на пензиите на осигурениците. Друштвата за управување со пензиските фондови применуваат прудентна инвестициска политика во рамките на регулаторните ограничувања и правила. Сепак, значаен е предизвикот пред овие институции од нивната изложеност на променливите движења на меѓународните финансиски пазари. Се очекува дека основањето трето пензиско друштво ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата во овој сегмент од финансискиот систем“, се наведува во соопштението.
На седницата на Советот е нагласено дека е неопходно внимателно да се следат активностите на финансиските друштва, иако тие опслужуваат мал дел од домаќинствата. Во овој сегмент се забележува релативно брз раст на активностите, што може да создаде ризици.
Во усвоениот најнов Квартален извештај на Народната банка е одбележано дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при здрави економски основи, поволна надворешна позиција на економијата, стабилни очекувања на економските субјекти и отсуство на нерамнотежи.
На седницата беше нагласено дека не се забележуваат позначителни притисоци кај домашните цени, а стапката на инфлација во текот на вториот квартал е ниска и стабилна. Просечната годишна стапка на инфлација за второто тримесечје од оваа година изнесува 1,2 отсто и е нешто под очекуваната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×