НБ: Поволни движења во економијата и во третиот квартал
Објавено на од во Економија
Поволните движења во економијата продолжува и во третиот квартал, оценуваат од Народната банка во последниот месечна информација за септември 2019 година.
narodna-banka„Согласно објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1 отсто. Податоците за јули за индустриското производство и прометот во трговијата засега упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во третиот квартал“, наведуваат во информацијата објавена од Народната банка.
Остварената годишна стапка на инфлација во август оваа година изнесува 0,8 отсто и е пониска од очекуваната, додека во просек во првите осум месеци од годината просечната годишна инфлација изнесува 1,1 отсто.
Девизните резерви, како што се наведува, се во сигурната зона и бележат натамошен раст, при интервенции на Народната банка со откуп на девизи.
Последните оцени, според објавената информација на Народната банка, упатуваат на понеповолни изгледи за глобалната економија, за оваа и следната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×