НБРМ: Поволните движења во економијата ќе продолжат и во третиот квартал
Објавено на од во Економија

Народна банка 1Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ на вчерашната седница ги разгледал клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика и оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75%.

“Согласно со објавените проценети податоци, по слабиот раст во првиот квартал, во второто тримесечје, растот на БДП значително забрза на 3,1%, што сепак е нешто пониско остварување во споредба со проекцијата. За третиот квартал, при ограничен обем на расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак, најголемиот дел од податоците упатуваат на продолжување на поповолните движења во економијата и во овој квартал од годината”, велат од НБРМ.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари – август, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,5%, што претставува надолно отстапување во однос на априлската проекција. “Во услови на послаби остварувања, но и нагорна ревизија на надворешните влезни претпоставки кај проекцијата на инфлацијата, се оценува дека ризиците околу проектираната стапка на инфлација за 2018 година се урамнотежени”, оценуваат од НБРМ.
Прелиминарните монетарни податоци за август 2018 година покажуваат задржување на континуитетот на раст и на депозитите и на кредитите. Депозитната база и во август продолжи да расте со забрзана месечна динамика, за што најголем придонес имаат корпоративните депозити, при истовремено зголемено штедење и на домаќинствата.
На кредитниот пазар, месечниот раст и натаму е воден од секторот „домаќинства“. На годишна основа, растот на депозитите и на кредитите во август го надминува проектираниот годишен раст за третиот квартал од годината.
На седницата беше заклучено дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување, при што НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи сите економски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

 

.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×