Не е ни чудо што македонските банки се фокусираат на кредитирање население: Домаќинствата четири пати подисциплинирани од компаниите во плаќањето рати
Објавено на од во SPECIAL KAPITAL

 

Conceptual Euro Money PhotoНе е ни чудо што банките се фокусираат на кредитирање население

Според најновите податоци на НБРМ, ако се анализира салдото на лоши кредити, се гледа подобрување на состојбата последниве месеци, па така за месец октомври, на ниво на цел сектор, уделот на лоши пласмани во вкупното кредитирање е 6,5%. Кај секторот население дисциплината на отплата е очигледно поголема, па овој удел е 2,58%, додека во секторот корпорации овој удел е 10,2%.

 

И покрај тоа што некои од поголемите банки во земјава, заради проблематичните кредитни пласмани мораа да отпишат дел од нив, со оглед на целокупната економска состојба како последица на политичката криза, за првите девет месеци коментираат дека е  позитивен трендот во сегментот на нефункционалните кредити, како дел од вкупното кредитирање. Отпишувањето во најголем дел се должи на кредити земени од страна на корпоративниот сектор, додека кај секторот население банките констатираат поголема дисциплина во отплатата.

“Генерално населението е помалку проблематично за наплата на кредити доколку се споредува со компаниите. Тоа потекнува не само од природата на субјектите и нивниот однос при сервисирањето на обврските, туку и од правните аспекти на евентуалната присилна наплата во случај на неисполнување на обврските од страна на кредитокорисникот.“, велат од Комерцијална банка.

Од НЛБ велат дека со оглед на сите случувања во економијата, последица пред с$ на политичките превирања, наплатата на кредити е генерално добра.

“Макроекономските случувања кои беа присутни во претходните години влијаеја Банката да преземе мерки и активности за засилен мониторинг, како и ангажман за рано детектирање на проблеми во наплатата на кредитите. Овие мерки секако дека имаат влијание на тоа процентот на нефункционални (проблематични) пласмани да биде во рамки на прифатливи граници. Во последно време присутен е одреден тренд на поголемо зголемување на нефункционалните пласмани кај физичките лица (потрошувачки кредити), но сепак може да се констатира дека повисокиот кредитен  ризик с$ уште е присутен кај корпоративните клиенти. Очекувањата за наредниот период се да има раст на кредитната активност на банките и тренд на подобрување на наплатата како кај кредитите на физички така и кај кредитите на правни лица.“, велат во НЛБ Банка.

Banki tema 03 tabela 01Лошите пласмани кај компаниите се со четири пати поголема стапка од онаа кај населението

Според најновите податоци на НБРМ, ако се анализира салдото на лоши кредити, се гледа подобрување на состојбата последниве месеци, па така за месец октомври, на ниво на цел сектор, уделот на лоши пласмани во вкупното кредитирање е 6,5%. Кај секторот население дисциплината на отплата е очигледно поголема, па овој удел е 2,58%, додека во секторот корпорации овој удел е 10,2%. Инаку, вкупниот износ на кредити за население на крајот од првите десет месеци е 2,27 милијарди евра, додека во секторот компании е 2,37 милијарди евра, што е практично изедначување на овие два типа кредитирање, за разлика од пред неколку години кога доминираше корпоративниот сектор во вкупното кредитирање. Како што објаснивме во првата тема од овој прилог, сè поголемото насочување на парите кон населението банкарите го правдаат со зголемениот ризик во реалниот сектор, којшто беше погоден од политичката криза на домашен терен, но и некои екстерни фактори во светската економија.

Во оваа насока, како што велат од Охридска банка Сосиете Женерал, предизвикани се одредени доцнења во сервисирање на обврските, пред сè кај корпоративниот сектор, каде се забележува тренд на незначително зголемување на стапката на нефункционални / проблематични кредити, додека пак во сегментот население оваа стапка е стабилна.

“Во пресрет на имплементацијата на МСФИ 9, Банката ги интензивира своите активности во наплатата во раните фази на деликвенција со што се очекува во наредниот период да се задржи и дополнително подобри квалитетот на кредитното портфолио.“, велат во Охридска банка.

Banki tema 03 brojkiВо градежништвото се очекува влошено сервисирање на кредитите

Банките во своето работење пресметуваат  одредено нормално ниво на ризик кој што е вграден во цената како обезбедување во случај дел од кредитите на населението или на компаниите да не се вратат. Меѓутоа, кога се менува бизнис циклусот, односно кога економијата влегува во контракција, тогаш нивото на ненаплатените кредити се зголемува.

“И имајќи предвид дека Македонија забележи негативни стапки на економски раст во првите два квартали и стагнација во третиот квартал од оваа година, нормално е да се очекува дека нивото на лошите кредити во услови кога побарувачката за производи и услуги кај одредени компании се намалува или стагнира и компаниите не ги користат своите инсталирани капацитети, нивото на лошите пласмани ќе се зголемува.“, сметаат во Шпаркасе банка.

Прашање е дали тоа ќе биде долгорочен тренд или ќе биде краткорочна епизода и според проекциите кои што ги објавуваат Министерството за финансии и Народната Банка на РМ, како и меѓународните финансиски институции, за очекување е дека оваа контракција е од краткорочен карактер и дека во 2018 година македонската економија повторно ќе се соочи со динамизам и зголемен економски раст и од тој аспект се очекува исто така со обновата на растот нивото на лошите пласмани да се намали.

“Лошите пласмани ќе бидат во оние сектори  кои што во минатиот период растеа брзо на неекономски критериуми, најверојатно тоа ќе биде со градежништвото, имајќи ги во предвид стапките на развој во изминатиот период и активностите поврзани со овој сектор, како и оние индустрии кои се врзани со намалената побарувачка од меѓународните пазари.“, предвидуваат во Шпаркасе.

Можно е влошување на наплатата и кај сектор население

Во Стопанска банка Битола исто така наплатата на кредити одобрени на население е значително подобра, во однос на онаа кај компаниите.

“Годишната стапка на ненаплата за кредитна изложеност одобрена на нефинансиски правни лица изнесува 1,8%, додека кај домаќинствата овој показател е двојно помал и изнесува 0,9%. Анализирано по дејности, најголеми потешкотии со наплатата на ниво на банкарски сектор има кај трговијата на големо и мало и индустријата. Сепак, ако се погледне трендот на движење на показателите за квалитет на кредитното портфолио и изложеноста на ризик кај домаќинствата, евидентно е одредено влошување што значи дека во идниот период може да се очекуваат одредени потешкотии и во наплатата на кредити одобрени на домаќинства.“, велат во Стопанска банка Битола.

Во Стопанска банка – Скопје, очекуваат стабилна динамика во наплатата на кредитните побарувања, и покрај севкупната состојба во економијата.

“Секако дека Банката е секојдневно исправена пред предизвикот за редовна наплата и одржување на квалитетот на портфолиото и тоа е реален одраз на севкупните состојби во економијата и општеството. Во секој случај, како и досега, и во следниот период очекуваме наплатата и квалитетот на кредитното портфолио да бидат на соодветно ниво конзистентно со стабилноста на Банката.“

Во ПроКредит Банка пак, велат дека процентот на доцнење со отплата кај нив е понизок од нивото на целата банкарска индустрија.

“Горди сме што ПроКредит Банка има квалитетно кредитно портофлио и процентот на нашето портфолио во доцнење е далеку понизок од трендот на банкарската индустрија во Македонија. Заклучно со месец јуни 2017 ПроКредит имаше 2,1% кредитно портфолио во доцнење споредено со 6,8% на ниво на банкарски сектор, иако земајќи го предвид досегашното искуство може да истакнеме  дека граѓаните поретко се доведуваат во ситуации за проблеми при исплата на своите кредити.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×